мој (прид.) - почитуван (прид.)

Сенешто, сенешто, мој почитуван колега.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И јас сонувам за денот, моја почитувана Лејбовиц, кога нашите индивидуални и колективни идентитети на Балканот посилно конвергирајќи едниот кон другиот, ќе се збогатуваат со заедничките составки.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ми преостанува да ви се заблагодарам за вашата солидарност со моите книги и нивното објавување во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ете, моја почитувана читателке Лејбовиц зошто ви пишувам за Шапоно.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не знам зошто но во тој момент ми дојде на ум мојот почитуван доктор Настев.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Имав чувство дека одразите на мојата душа беа врз страниците на мојата балканска сага и тие, во нивната соголена искреност, како да постоеја за да заведат некого.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)