мој (прид.) - постојан (прид.)

Така, останувајќи моја постојана творечка опсесија, не остварена, незавршена, непотполна, сиве овие изминати години, тоа ме возбудуваше и тревожеше како поет и човек, станувајќи и поетска и морална обврска што мора да се одболува и да се исполни.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
Таа беше моја постојана придружничка и знаеше да ме разнежи и натажи, но јас не бев пишман што дојдов тука и се трудев да го оправдам тоа мое доаѓање и пред самата себе и пред моето семејство.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На масата стои последното писмо од Стефан, мојата постојана мисла.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ако случајот ми ја дари можноста да придонесам за признавањето на државата Република Македонија во меѓународната заедница, јас и во оваа пригода ја изразувам мојата постојана приврзаност кон оваа земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)