мој (прид.) - последен (прид.)

Да ви кажам нешто за мојот последен концепт на лудило без пардон.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Упорно се бдееше над моите последни чекори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Притоа во онаа моја последна реченица посебно бев нагласил дека спомнатиот наш разумен предок всушност уште тогаш се заложил да се отфрли неконтролираната моќ и да ѝ се пријде на вистината со добриот збор, со учество на секој поединец во создавањето на таа питома разумност.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ете, и тоа е наша задача, реков, да ја негуваме таа питома разумност...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас знам, ти дојде да ги видиш корените на мојата последна љубов.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тоа е мојата последна цена.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мајка ми ги пали последните ѕвезди на Канаан во моето огледало и го положува Својот превез врз мојата последна песна...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мигум ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми, вклучувајќи ги тука и циркуларните телеграми, кои се упатуваа до сите амбасади во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
XXXIII Мојата последна официјална средба со Јасер Арафат се случи есента 1989 година кога тој беше во зенитот на својата мировна иницијатива.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имаше други приоритети за големата разбранета Федерација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најголемиот дел од телеграмите се однесуваа на палестинското прашање, се коментираше мојата последна среда со Арафат, разговорот со американскиот амбасадор Роберт Пелетро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јас со своите толкувања на последните Арафатови барања, со неговите повици за мирна разврска за конфликтот, за неговото колнење во мирот, како да внесував дисхармонични тонови пред надлежните високи функционери на мојата последна завршна средба по завршената мисија од Шестата управа за надворешни работи, надлежна за Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тие остануваа во орбитата на мојот живот во потрага по светлината на слободата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ќе најде храброст да ги задржи солзите и да со обрати на толпата со зборовите, небаре преземени од својот син: Тој е син на сите вас!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ти си мојот последен верен читател на Балканот во кого имам доверба, земи ја мојата Книга Книга за детето детето објавена на француски јазик.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ќе се исцедам низ девет кожи, Низ мојата кожа Испишана со девет судбини Во девет дена низ кои водата ја цедев од жарот На мојата последна венчавка со лебот Седнат на трпеза Сам Во самица Пред судниот час. 1.4 Така мислам и домислувам: Ќе мавтаат со шамивчиња претците Ќе мавтаат со шамивчиња потомците И оддеднаш сите ќе бидеме камења Што ќе течат и ќе јачат, Камења топли и камења студени, Камења тешки и камења сиви, Камења што молчат И камења што зборуваат.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Го прифатив предлогот за филмот Титаник, а бидејќи мојот договор со Селзник важеше дури од април 1939-та, можев да го снимам мојот последен англиски филм Кафеаната Јамајка. Кафеаната Јамајка (Jamaica Inn), 1939 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така, мили мои Балканци, стасав до ова Езеро, мојата последна татковина.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Но, по сѐ што видов и доживеав, имајќи го Сталин зад петици, во егзилот земски, и по пристигањето во мојата последна татковина Езерото, мене јанѕа ме прогонува. Не дај Боже, не дај Боже...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Затоа и дојдов овде пред вас како пред браќа по судбина да ви се исповедам, да ви ги кажам моите последни маки пред крајот на мојот живот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се движат заедно тие секој кон бесоницата своја утрото што го бара. А водата се ниша од моите последни стапки и веќе ја испива зеницата на вечерната ѕвезда.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Чувствувам дека е дојден моментот да ја изречам и онаа моја последна наредба.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не знам дали е в ред да се прекорувам себеси дека моите последни навраќања во Книгоиздателството што се наоѓаше веднаш зад Камениот мост биле поттикнувани и од љубопитството да се осветли уште некоја дребулија од минатото на човекот што ја беше отфрлил мантијата?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не му дозволувам да ме матира, и тоа е мојот последен, смешен отпор. ***
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Мојата Мајка, тихиот градинар на моите последни соништа, на нашата заедничка градина на тишината, идеше често и милозвучно ми зборуваше со зборови кои не постоеја во ниеден друг јазик, зборови на јазик на само нас двајцата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И во животот што ми преостануваше на рланетата Земја, не можејќи да ја најдам Мајка во нејзиниот јазик, без сите нејзини зборови, кои не можат да се најдат во ниту еден друг јазик, јас упорно продолжив во нив да ја барам, можеби присутна само во заедничкиот јазик на животот...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)