мој (прид.) - поранешен (прид.)

Во мене и натаму продолжуваше неконтролираната инерција на мојата поранешна амбиција да го расветлам докрај Татковото цариградско време, големата енигма на неговиот живот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Во третата фотографија млада жена го препознавам ликот на една моја поранешна девојка, со која ме спојуваа екстатични мигови на телесна страст, а ме оддалечуваа баналните љубоморни потпрашувања.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ја губи врската со пријателите од Кембриџ, а Расел во фуснотата на „Воведот во математичката философија”, која е објавена 1919 година, признавајќи дека на важноста на поимот на тавтологијата за дефинирањето на математиката му укажал „мојот поранешен ученик Лудвиг Витгенштајн”, додавајќи дека не знае дали Витгенштајн го решил проблемот на дефинирање на „тавтологија”, „или дали е воопшто жив”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога избива војната во 1914 година, се пријавува како доброволец во австриската војска, каде што служи артилерија, прво на Источниот фронт, а потоа во Тирол, каде го заробуваат Италијанците во ноември 1918 година.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
XIX Единствената добра страна на мојот насилен престој во Атеистичкиот музеј, храм на антиверувањето, беше неговата дијаболична сугестивност да го забрзува во моја­та свест и потсвест, поврзувањето на мојот поранешен живот со сегашниот, да враќа во мене заборавени, речиси архетипски семејни пораки.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И додека размислувам кој англиски термин би бил најадекватен за она „да туриме“, во мислите како ехо ми одѕвонуваат зборовите на некои мои поранешни клиенти од Македонија: „Срес'ва 'ногу немаме, ако мора нешчо и че платиме, ама би сакале спото да е ко оној на Мајкл Џексон во Трилер. Можи?“
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Тоа што бев ослободена од многу од моите поранешни обврски и што отпрвин ми беше многу тешко, постепено почнав да го чувствувам како пријатна околност.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ако не пропиев пиво и не се опијанев онаа ноќ толку многу, не ќе го сретнев мојот поранешен сопруг и на моите чевли не ќе им беше потребна поправка. - Оххх ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Фар на Милдред и затемнување. ‌Сѐ уште го слушам призвукот на уживање во гласот на мојот поранешен дечко кога ќе речеше, никому посебно, со најдобриот изговор на Џоан Крафорд што можеше да го извади (сосе мекото Л), „Губи се.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Темните лушпички светкаат. Имаат прекрасни форми; и копчињата на сложените очи покажуваат геометриска прецизност која го премавнува мојот поранешен ужас.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И јас кога еднаш одамна , во мојот поранешен живот, се качив на Водно и погледнав долу кон градот, не можев да здогледам ниту една од моите грижи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)