мој (прид.) - нов (прид.)

Фрлив поглед на плавата. Беше многу попривлечна оддалеку - вака одблизу убаво се виде дека има проблеми со забите, но сепак беше највозбудлив примерок на dragqueen наоколу. 126 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Премиерата е во септември. Ќе ви испратам покани, се викам Џеки Кертис”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Сатенски кратки панталони за степување во мојата нова претстава Гламоур, Глиттер анд Голд.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
„Глупости. Скоро ќе биде мојот нов концерт.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се жолтееја на коцките моите нови жолти, водоотпорни патики.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
А исто така и моите нови заби се зацврстија.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Помислете повторно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Околу 1959-60: мојата нова композиција сега е една минута (за професор Фортнер).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Овде го користам: проекторот во боја.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Иако тезата тогаш беше необјавена (подоцна ќе биде објавена делумно во Париз), не знам како беше стигнал во Албанија еден примерок, за да биде прочитана и да биде утврден мојот нов „грев” кон татковината.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
„Ми се допаѓа моето ново презиме. Рози Адам.“ „Многу е убаво.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега е време за ново апче. Мојата нова терапија не оди со сини картони.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Забележав и тоа дека мојата нова симпатија миговно се вљубува, а дали исто така се одљубува, не знам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Простете господине, мојата нова цимерка не ве познава, а не ја познава ни Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воопшто, децата ме сакаат и сега смеам да си играм со нив, да им купувам топки, да ги носам на сладолед, на сладолед со шлаг, смеам да им купувам џиновски гроздови балони, со чета весели деца да ги опседнувам нишалките и вртелешките.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Веднаш, без да дадам отказ, го напуштив своето место, си ја презедов врз себе одговорноста затоа што на масата останаа неиздупчени сметки, несортирани, и не ми остана ништо друго освен да заминам дома, да ги земам парите и преку разнесувачите на вредносни пратки да ги информирам роднините за мојата нова финансиска ситуација.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тржествував од силината на својата изрека, иако таа немаше пиедестален статус во мојата нова и подземна состојба.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не можев да се смеам. Моите нови господари изгледаа пострашни од другите двајца.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Третата граната падна во близина на чунот.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Уште еден час, рече, и ќе дојдат други двајца со слични кокошкини идеали, моите нови пријатели, Јанкуло и Мануш, другарите Каин и Авел.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Во очекување на Сојузниот ми се наложуваа генерални размисли за мојата мисија, за балканската историја, за натамошните искушенија во животот во мојата нова татковина која наскоро ќе исчезне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Верував во нови херојски страници на мојата нова невозможна мисија во Република Франција...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во неговите книги пишувани на различни писма, латинично, арапско, кирилско, хебрејско, на места откривав разлеана пепел, во необични облици, која некаде се слеваше во старите минијатури на еден Коран пишуван на рака, како своевидно надополнување, потврдување на неговото читање и постоење, неговото воскреснување во моите нови читања.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во ова пеење различните гласови, кои поаѓаа во различно време, се следеа еден со друг, но никако да се стигнат, како и брановите на синото езеро.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други времиња, други луѓе. Новиот Сојузен го променил некогашниот распоред на кабинетот. Не ја забележувам сликата на Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Исчезнатото семејство, малата тврдина чии ѕидови беа дамна урнати и чија надеж остануваше само светлината на ѕвездите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Вторник Декември ...изгубив сè, некое самочуствие ја корне утробата од моите нови напори.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Оваа збирка на залудни мисли се вика „Бед Инглиш“ (во чест на мојот нов, маќејски јазик), со поднаслов „Иди Даре, кој те ебе, може Вардар и без тебе“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Како да ми беше мачно што Мајка остануваше речиси индиферентна кон моето ново заминување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не гледав во библиотеката туку во мојот нов пријател и во несреќниот тигар.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Добар збор. Добар наслов за...мојата нова книга. DD ПТ: Што би кажале за вашиот процес на трансформација од комерцијален уметник во вистински. DD ЕВ: Јас сѐ уште сум комерцијален уметник.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Од вечерва, знаеш ли ти, почнува мојот вистински живот, мојата нова година, верувај ми!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Да, вие ја спомнувате во вашето писмо токму реката Вардар, истакнувајќи дека таа ја поврзува мојата нова татковина со старата земја на Едгар Морен, татковината на солунските сефарди.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И пишував, на мојата нова читателка, Елен Лејбовиц по многу години откако ја изгубив мојата незаменлива професорка Олга Ничота.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Орхан Памук беше мојот нов пријател.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најпрво ќе ти каже дали кај таа девојка имаш шанси или не, а потоа ќе ти објасни на кој начин да постапиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Решив да го започнам мојот нов проект: борба против дрогата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
А за да можам тоа да го направам, морав да научам нешто за тоа зло за кое сите зборуваат и од кое сите се плашат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Прашај си го срцето – ја употребив мојата нова формула – тоа сè ќе ти каже.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Им раскажував на мајка ми и на татко ми за мојот нов сакан.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Попладнето, околу три часот, требаше да тргнам на пат кон мојот нов дом.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)