мој (прид.) - мил (прид.)

Фрагментов го даваме затоа што делумно ја илустрира атмосферата што често владееше со емисијата)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сериозноста на сликите и скулптурите досега нудеа, меѓу другото, бегство од светот на хамбургерите и евтините магазини, а најповеќе од постојаната пресија на рекламите, филмовите и телевизијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Е па, да одлетаме од оваа тажна, зачадена котлина, еднаш засекогаш, мој мил сопатнику, Кракатау? Да одлетаме, пријателе, да одлетаме. литературна адаптација: П. Вулкански okno.mk | Margina #11-12 [1994] 145 Worhol Andy 146 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ти си секогаш, мој мил пријателе, добредојден во мојата библиотека.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега имав време и прилика да видам колку, всушност, мојот мил град беше запустен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во една ветровита, дождлива есенска вечер, тагата за одминатото лето ме наведе да пробуричкам по полицата, каде што пред започнувањето на училиштето ја бев затурил мојата мила, дрвена шупелка.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
На крајот, пак сум сама. Поточно, со мојата мила сестричка.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Ја сонив мојата мила тетка. Сестрата на татко ми. Таква убавина. Совршена убавина.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Која сила е ова што успива!? А сонот, што значеше сонот, Господе мој мил.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
–"Ах мајче! ах татче! ах мое мило синче, и ти моја мила сестро! и ти моја мила домаќинко!
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Гледаш, секој ден искачувам за да ги пречекам мама и него ... мојот мил... дорече во себе. - Оди, Ѕвездо моја.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Во главата на Алегра одекнуваат стиховите од Песната над песните: „Таков е мојот сакан, таков е мојот мил пријател”.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа отпива од виното. Потоа го погледнува својот љубен.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Тогаш однекаде задишена пристигна и вујна ми Кола заедно со братучетки ми, Стојна и Мара, моите мили братучетки.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Дали ќе видите вечерва некој сон оти јас се избавив од улаото море што ќе ме удаеше?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
И ти, моја мила домаќинко!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ах, мајче! ах татче! ах, мое мило синче Велко и ти, моја мила сестро!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Учителот весел во мисли ми стои и овчички мили, и пиленца слатки и сонцето златесто посилно што сјае таму во крајот, крајот мој мил.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Тој, откако си налеа од самоварот чај, продолжи: - Е, мои мили Балканци, во мигот не можев да утврдам во кремљското здание како дојде до моето испраќање во Гулаг.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Се штрекнувам и од страв така ко зашеметена, ко забудалена ги гледам децата и ги прашувам : - Да не ти е нешто, ги прашувам едно по едно, да не те боли нешто: мешето, главата, устата, устина мои мили!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)