мој (прид.) - мал (прид.)

Не бре, не ве лажам јас, прво, навистина почувствував наслада кога ми светна дека увцата навикнати на: „Неко вози мотор, неко вози трактор, ја и моја мала мотокултиватор” или „Куче лаје, а ја мислим ти си, отишо си, сарму пробао ниси”, денот ќе го започнат со The Unforgiven и навистина нема никогаш да му го простат ова на шоферот, а богами и на себе си што порано не слегле од тој автобус.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Меѓу управувачот и седлото имаше метално седленце во кое совршено се вклопуваше перниче и мојот мал задник.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој во од ги решаваше сите проблеми.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Во строго контролиранава слобода ракава што ја задржувам од удар и ја задржувам за удар иако нечиста во својот ген чиста е во својот гест. 86 okno.mk Моето мало јас Кога го заградив моето мало Јас и си реков Ова е мое тоа порасна и ми стана диктатор личен и алчен.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Неусетно разговорот се префрли за исхраната, и Францизунката одвреме-навреме, се уфрлаше во разговорот само со една фраза, која постојано ја повторуваше, со видлива загриженост: - На мојот мил Жак денес не му купив месо, кутрото мое мало!
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Па и нека остане моја мала тајна...“ се подзамисли мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Не, името нема да ти го кажам. Не е важно...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Понизна набqудувачка на феномените во светот што нè опкружува, одам напред без никакво брзање, и си ги расфрлам моите мали глупости кои, се надевам никого не повредуваат ниту шокираат.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Најмногу ме мачи сознанието, дека еве и сега, од оваа раздалеченост не сум сигурна каква требаше да биде и што да содржи приказната што требало да му ја раскажам?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со моите мали и речиси никакви познавања на патиштата по кои замина за да се загуби а можеби и да исчезне засекогаш човекот што толку го засакав, на што ли ќе му заличеше тој човек за кого ќе тврдев дека му е татко?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Од Шведска е“, рече таа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Погледнав во пакетчето во мојот скут.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше слатка, мојата мала Емили, мојата викторијанска принцеза.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ете, како со мои мали интервенции во дијалошкиот редослед, гласи во романот: - Многу сакам да пеам... само не смеам... ..........
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сите другите ќе бидат чисти и мазни,испишани од моето мало раче, што трепереше кога пишуваше нова домашна задача...
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Добро утро Добро утро, дете мое мало, ајде стани, љубов моја.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А јас редам: пеперутка, љубов, пиленце мое мало и сонце, сонце најмило.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нудење на решение. Му предлагам на Генералштабот на АРМ, како лично мој мал придонес во усогласувањето со НАТО стандардите, под итно да издаде наредба за строга забрана на употребата на жаргонот на некогашната ЈНА!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Жаклин, мојата мала девојка со недоразвиени гради, имаше прекрасна душа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Месје, разбирате ли, на едно ќоше мојата мала Жаклин се спогодуваше со еден страшен Шпањолец што ја минал границата да купи љубов за пари. Тоа е чудно, многу чудно, месје.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Жаклин, мојата мала незаборавена девојка, престана да се смее. Беше несреќна.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
И мајка ми како мала ме викаше „моја мала воденица која никогаш не престанува да меле“.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Да ќерко, ова е моето мало царство.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црви, дебели и долги како мојот мал прст, розови од сопствената крв, а згора на тоа уште и испрскани со крв, со бели главчиња и многу ножиња, припиени во внатрешноста на раната, како да сакаат да се измолкнат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Сакаш ли да ме спасиш?“, јачејќи шепоти младичот, целиот заслепен од животот во неговата рана.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ако случајно ја допреш, видиш, почувствуваш... врати ја во моето мало катче на моето постоење, Делот од мене кој го зема со себе а мене толку ми е потребен...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Моето мало двочлено семејство живее на адресата 1743 Пердју Авенју, Вест Ел-Еј.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Веќе ви пишував за моите први чекори во новото освојување на Париз, со товарот на мојата мала балканска, нова независна држава.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Синга ми се виде многу пираснат, и радосно лаеше околу нозете на дедо ми, а по него полека одеше мојата мала водена желка Ѓуро, што ја чувавме дома во големата стаклена тегла, се сеќаваш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Од неа ми остана нејзиниот последен килим, темносин, како бојата на индигото, истата онаа боја што секоја вечер ја има на небото по зајдисонце, кога океанот крај Гоа и вселената над него се спојуваат во едно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Моето мало девојче, милото мое мало-големо девојче, - почнува таа да ме гали по косата, по грбот, по рацете, да ме бакнува по лицето, по очите, насекаде. – Мајка тебе не те сака, мајка те... ... – Обожава! – велиме двете во исто време и почнуваме гласно да се смееме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако знам дека од пред половина година мојата Миру, моето мало Огледалце е можеби птица, можеби цвет, а можеби дури и ѕвезда, многу сум тажен што не е со мене и многу ми недостига.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш бев среќна што никој немаше допир до таа моја мала оаза.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)