мој (прид.) - интимен (прид.)

Моите господари и самите ми укажуваа (се правдав пред тој Никола Леко) дека не ги интересираат моите интимни размислувања; дека од мене не бараат никакви предавства, дури ни самоинцијативи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Заради оние одговори во врска со мојот интимен живот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама ми беше повеќе срам одошто страв.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Имам храброст да ја соголам душава и мојата интимна исповед да добие форма преку алегоричните со драматична аура секојдневија, преку копнежите насликани со акварели и некогаш смирувачки, елегични а некогаш агресивни, фуриозни и флуктуирачки движења на судбината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Можеби требаше машки да се разбереме?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На фасцинантните бели платна кои ги ткае животот врежував ликови кои никогаш нема да исчезнат и сите тие со себе си земаа дел од мојава душа и срце.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Замолив поодредено да ми се објасни за какви мои размислувања станувало збор и кој ѝ дозволил на Николина Кралева да шета по мојот интимен свет?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)