мој (прид.) - единствен (прид.)

Но, дали тоа истовремено значеше и дека тие се “уметнички” или “валкани” или “откачени” или “без заплет” или “скокотливи” или нешто сосема единаесетто?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Но, ако е тоа така, тогаш не ми е јасно зошто јас сум андер­граунд, кога мојата единствена желба беше луѓето да ме забележат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да бидам искрен, јас немам поим што значи тоа: андерграунд, освен ако под тоа не се подразбираше дека ти не сакаш никој да дознае за тебе и да те вознемирува како што тоа го правеа за време на Сталин и Хитлер.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ова е, конечно, тој простор на крикови, тој простор без збор... и таму кај што се заборавив во тебе та се пресоздаваш во моја мисла, во мој единствен крај.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И двајцата сте ми неопходни, моја единствена среќа и надеж“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Моето единствено одбранбено средство е тоа што знам дека политиката не може без науката и уметноста. Макар колку да ги злоупотребува.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Илона остана во студиото на Ема до полноќ.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа ги испружи рацете преку рамената на својата пријателка, ги сплете на грбот по кој се разлеваше нејзината долга брановита коса, силно ја притисна кон себе, потоа се оддалечи малку од неа, за да се погледнат очи в очи и, кога заеднички ја фатија нитката на длабоко вслушување во молкот, Илона тивко проговори: “Тоа е мојот единствен пат. Помогни ми. Те молам.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Три години болен лежев, мајко, ме гледаа како свое чедо... ама не додржав - сум тргнал по светлината на мојата единствена Ѕвезда...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Но штом 120 okno.mk ќе излезам надвор сите ме одмеруваат од глава до петици, се качувам во мојот мини морис и тогаш можам да чујам на десетици највулгарни пцости.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моите комшии, главно пропалитети, се љубоморни на мојот единствен лоок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Моја единствена, таму, во топлата одаја, клекни пред иконата на Богородица и моли ја да ти се вратам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таа разорна болка стана мојата единствена биографија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во едноличноста на секојдневнието се повторуваа истите баналности, па не забележував како врват годините.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Морам да признаам дека веднаш ми исчезнуваше тлото под нозете кога тој ќе се втурнеше против некој мој единствен аргумент со неговите десет!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)