мој (прид.) - глупав (прид.)

Всушност, на платното немаше ништо друго освен кругот и потписот, но авторот беше многу љубезен и несебично одвои време да ми ги воочи горенаведените подробности, а тие беа толку очевидни, што ме фати срам поради моите глупави и излишни прашања.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И што воопшто значеа моите глупави прашања што божем му ги упатував кога тој беше качен високо, високо, и кога тие прашања никогаш не втасуваа до него?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ќе ти откријам: посакував, ако ми се укаже некогаш прилика, да избегам од мојот глупав живот, да заскитам будна ако е можно тоа, по некоја од патеките на моите соништа ослободена од секаков вид следења и надгледувања.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тогаш сите мои глупави измислици ќе бидат смешни.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Имав глупава несреќа, во мојот глупав таканаречен живот, да сретнам еден идиот.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)