мој (прид.) - бивш (прид.)

Моите бивши љубовнички, како и летните познаници од земјава и странство, чии адреси ги пронаоѓав во правливите, бележници, беа отпрвин, и покрај честите измени на нивните имиња, најпријатно изненадени.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Знаеш, веднаш ќе ти кажам, многу ми личиш на мојата бивша девојка од Београд!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ова што го доживувам од моите бивши (и сегашни) сонародници, у најмања рука не е за веруење.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Се освестив од сонот, кога сватив дека пред мене ликува мојот бивш дечко од Холандија.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Можеби така мислела зошто сите мои бивши се слаби, ама да знаеш, ако беше тоа причината, јас ќе ти кажев.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Врз својот пример нека покаже мојот бивш даскал кој е најлесниот пат до „слободата“ ха, ха, ха!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Среќко: Штета. (Кон Грета) А ти, лепотице, нешто си ми позната.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)