мој (прид.) - љубов (имн.)

А на трупот на мојата љубов мршојади, нафрлени врз него: како да не виделе поарна мрша!“
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Каква точно, не знаев ни самиот, но секако нешто што ќе ја оправда мерата на мојата љубов.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Мојата љубов не можеше да се управи спрема секого, па макар колку тој да жедува, таа си бараше предмет достоен за својот занес и тоа беше нејзино свештено право, пред кое паѓаше секоја предрасуда.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Оставете ги војските, знамето на мојата љубов спасувајте го.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
- Конзуле, конзуле, заробени се војските на империјата, фрлени нејзините знамиња...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„И како тогаш подароциве ќе нѐ развеселуваат и ќе нѐ прават посреќни ако се вадени од торбите на гревот“ го прашував сладострасниот корисник на мојата љубов?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Море за какви скришни места ми зборуваш?“, веќе заискруваше сладострасникот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Чувствував дека на двајцата им требав, дека им беа потребни мојата љубов и мојата сила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ми беше симпатичен тој нејзин гнев, иако не ми беше сеедно што таа сметала дека мојата љубов кон неа ќе ѝ олесни завршување на една партиска задача!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Вистина, остана еден печат на преуранета зрелост на нејзиното лице, што пред тоа го немаше, една одвај видлива сенка на староста, прв бран на созревањето, и јас знаев дека тоа веќе не е онаа моја Луција од разбојот, од гимнастичката сала, тоа златно дете чии носници се ширеа по доскокот како кај уморно но весело коњче; но бев среќен што тоа е сепак Луција, макар и една друга Луција; ми се чинеше дека сум задоцнил, дека нешто ми е одземено од првата за да ја добијам оваа втората Луција, но мојата љубов во ништо не се менуваше; дури може да се каже дека сега во оваа Луција ја сакав и претходната Луција, и сегашната; јас сега сакав две Луции, и тоа беше невозможно да се поднесува без допир со Луција.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Зарем мојата љубов кон неа згасна по тој обред?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Така почна тоа: мојата љубов кон Луција и омразата кон нејзината партија.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Честопати одев до неговиот дом; ако беше ден – тропнував на вратата, ако беше мрак – погледнував дали има светлина зад завесите; но таму беше пусто, онака како што беше и во мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Годините минуваа, а јас не го заборавав Рајнер, и подеднакво ме болеа и мојата љубов, и мојата омраза кон него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Единствен цвет што проникна во мене Лесно, освојувајќи ја сета моја љубов... Енергија, непресушно што ми дава...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Неговиот последен поглед чинам ја уби сета моја љубов.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Нема да примам безвредни хартии за возврат на мојата љубов.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас знам шо ќе си посакам! Знам! Сакам да ја запознаам мојата љубов, мојата животна љубов, оној со кого ќе го поминам целиот живот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Имам амбиција голема колку мојата љубов - но бескорисна колку моето незнаење”.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Имам амбиција голема колку мојата љубов – но бескорисна колку моето незнаење. 1997
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ориенталната кујна е моја љубов од младоста.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Татко ѝ ги зеде двете раце, а потем ѝ рече со нежен глас: – Одлучи, мила моја, да патуваме мојата љубов кон тебе. Нашата љубов!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога Хауард Хокс го снима Хатари (Hatarri), тој задо­волува двојна страст: кон ловот и кон филмот; Алфред Хичкок трепери само за филмот и многу добро ја изразува таа страст кога одговара на еден морализаторски напад врз Прозорец во дворот: „Ништо не би можело да ме спречи да го снимам тој филм, бидејќи мојата љубов кон филмот е појака од било кој морал”. (...) Ако навистина сакаме, во времето на Ингмар Бергман, да ја прифатиме идејата дека филмот не е инфериорен во однос на книжевноста, верувам дека Хичкок би требало да се вклучи - но, всушност, зошто да се вклучи?
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
О, реков, извини, те разбирам!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не можела да заспие. Ѝ била потребна мојата љубов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не знам зошто, но често се замислувам како плачам ничкум, со лицето во снегот, замрзнато и... и си мислам дали, ако останам вака, ќе ми ја одземе некој мојата љубов?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
3. Распосли си го окото - мојата љубов сака да патува мојата љубов сака да залута да се врати, да нѐ спаси мојата љубов сака Во предградието на твоето око трепките си поигруваат есен, отвори, патникот кој чука е љубовта ќе влезе за да побегнеме од времето меѓу градите отсекогаш сум носела виделина окото твое отсекогаш ме барало мене - разбуди го, ноќва како на сон те сакам, погледни ме, љубовта да ми патува...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
“Кога изгрева сонцето мислам на едни топли и уморни очи а во нив потоната мојата љубов.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Во темелите на космосот кој за себе го изградив е мојата душа, моите чувства, моите мисли, моите желби, моите солзи, мојата љубов, едноставно моето постоење, единствено, незаменливо, неповторливо.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Каде да ги спуштиме куферите кога немаме причина да продолжиме, кога чувствата се исти, кога сме проклето сами.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- Ех, малку се збркав, но тоа е уште поголем доказ за мојата љубов – се правдаше Ц. – А сега ќе ти купам прстен.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
ПАНАЈОТИС: (Ѝ ги бацува рацете) Не смееш Елена. мораш да престанеш. За моја љубов. Разбираш? Елена. ЕЛЕНА: Влегов. ПАНАЈОТИС: Само се мачиш.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
МЛАДЕШКИ ГОДИНИ Таква беше мојата љубов и не сакав никој да ја расипе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Си реков, ќе му ја подарам мојата љубов на оној што ќе го земам, мислев поарно да не ја потрошам однапред, тоа беше моето размислување, а потоа сама открив некои чудни работи кај себеси.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ме дотера до гнев. Мојата љубов кон него се претвори во омраза, а омразата премина во рамнодушност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Залезот на сонцето воопшто не ја намалуваше мојата љубов кон овој магичен град.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)