мој (прид.) - шанса (имн.)

Со оглед на тоа дека не сум бегалец и дека сѐ уште имам работно место, моите шанси за преживување во мирот, се значително зголемени.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
- Па, нели ти прва му фрли око! - Да! Но гледајќи те тебе, моите шанси се минимални.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ако Ана се симне на Монпарнас-Бјенвени моите шанси се минимални; како да не се сетам на Паула (Офелија) таму кадешто можната четворократна врска го истенчува секое предвидување; меѓутоа, оној ден со Паула (Офелија) бесмислено бев уверен дека ќе се поклопиме, до последниот момент одев на три метри од таа бавна и плавокоса жена облечена како во суво лисје, па затоа нејзиното вртење надесно ме плесна по лицето како камшик.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ама исто така ми беше јасно дека моите шанси се поголеми откако оној „еден ден”, стана „една среда”, иако не ми олесни туку дури ми беше и потешко.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)