мој (прид.) - чичко (имн.)

Овде се проучуваа случаите на мојот чичко, на мојата тетка, на мојот татко, на мојот дедо, на целиот обесправен, потчинет и понижен род.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го броев и Александар, другиот мој чичко, мојот идол!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Таква беше горката судбина на нашето семејство на двете страни од границата: едни знаењето на туѓите јазици ги спасуваше во тешките времиња во животот, други ги завиваше во црно... * Којзнае уште колку во мислите ќе трагав по сликите напластени во свеста од раскажувањата и потрагата по минатото на семејството за татковото враќање од Цари­град во куќата пред мене, за заминувањето и враќањето на мојот чичко од Лондон, враќањето на мојата тетка во Албанија, доколку од занесот не ме извлечеше сеприсут­ниот и едноличен глас на водичот Х.Х.: - Ги разбирам вашите чувства, по 38 години да се најдете пред прагот на родниот дом!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Чувствата ми беа измешани. Се радував! Бев тажна. Чувствував болка во стомакот.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Татко ми и двајцата браќа негови, моите чичковци, биле заминати во една далечна поморија - од која не се вратиле.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)