мој (прид.) - часовник (имн.)

Чекам вистински момент за да почне да чука мојот часовник.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Домашните работи се мојот часовник и времето секој момент ми е испрекинато.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Повторно сум онаму каде те сретнав со повторување на желбата, добрина во еден живот, беше дел од моето време, од мојот часовник, кој само за тебе чукајќи го мереше времето...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Ќе го слушнам за последен пат мојот часовник кај го испушта своето пфффт! лигаво... па шлас! уште... ќе си ја расклати потоа аортата... како сечилото на некој стар нож...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го гледам крвавото сонце како паѓа и, додека чука мојот часовник во собата, како да чука и неговото срце во еден ритам, сѐ додека не се губи во мојата отсутност.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)