мој (прид.) - фотографија (имн.)

На сите тие книги се наоѓаше мојата фотографија и името и презимето, како и по неколку збора за моето херојство.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Под насловот стоеше моја фотографија од изведбата на точката со Петрунела и љубовникот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ти го изнајмувам зарипнатиот глас на мојата машина за кротење букви, заедно со извежбаната позирачка трпеливост од моите фотографии, на неколку години.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Внатре беше мојата фотографија. Снимена еден летен распуст. Имав шеснаесет години. Со плетенки и јагне во прегратката.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)