мој (прид.) - фамилија (имн.)

Мојата фамилија по потекло е од Волос, Грција. Ние сме власи, нели.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Господи боже, тоа никој освен мојата фамилија не го знае.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Гронинг: Тој е верзија на Гручо Маркс.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Се сеќавам, секогаш кога некој од мојата фамилија ќе западнеше во непријатна ситуација, нана ми, најискрениот почитувач на Исусовиот катихезис, ќе му речеше: „Веди глава, трпи, и тоа ќе помине!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Да се грижи ја за цела моја фамилија.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Многу од карактерите во „Симпсонови” ги добија своите имиња по членовите од мојата фамилија, но тоа беше уште пред да планирам било каква телевизиска серија... ?
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Многу од мојата фамилија заминаа прерано.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тој бил комита и многу храбар и крупен човек, каков што наводно бил и Скендербег, па затоа во четата што ја водел го нарекувале Скендер и отаму останало и презимето на мојата фамилија – Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)