мој (прид.) - учество (имн.)

Кажувањето на Ема сега не бараше мое учество.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Се е онака како што мора да се случи, и моето учество е сосем предвидливо: останувам на масата, ја пишувам приказната за љубовта, а минувам таму, герилец намален до големината на вистинска порцеланска фигурка, разлеан низ десетина призматични огледала.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Штом ќе препознаам некаде присуство на невиност ако не можам да му се придружам барем сочувствувам со него - реков во желба да го дообјаснам карактерот на моето учество во настанот кога веќе беше речено дека сум го подржал она што се случуваше минатата ноќ.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)