мој (прид.) - татковина (имн.)

Снаа ми си е топраклиа на моата татковина. И редот си е така, не е првица од мене!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ти изгреваш на далеку — да ли еднаш ќе изгрееш силно, силно, дури милно над долови и над гори над полиња и над реки над мојата татковина?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На 13.11.1903 год. утрото по разговорите со К.Мисирков и Ст.Јакимов кај него дома во Софија, Е.Спространов му пишува на бугарскиот министер-претседател Р.Петров: „Пишувајќи Ви ги моите лични сфаќања за иднината на мојата татковина Македонија, ги имам предвид големите опасности што се кријат во сепаратистичкото национално движење меѓу еден дел од македонската интелигенција, кое зад себе веќе влече и македонски народни маси, особено во Југозападниот дел на Македонија, со центрите во Охрид, Ресен, Битола и Прилеп”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Јас сум Македонец и интересите на мојата татковина ми се претставуваат така: не Русија и Австро-Унгарија се непријателите на Македонија, а Бугарија, Грција и Србија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И тебе и сите вас ќе ве потсетам: Јaс, чедо на народот на Грција и борец на Демократската армија на Грција, се колнам дека ќе се борам со пушка в рака, ќе ја пролеам мојата крв и ќе го дадам мојот живот за да го истерам од мојата татковина и последниот странски окупатор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но дали најден во виорот на егзилот откако ја минав­ме границата – која беше мојата татковина, сега вратен во родната земја, дали јас бев повикан да плаќам некаков долг по цена на силни страдања, дури и по цена на својот живот?
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Пред нас кога блесна Кавала во зорите, Белина од праискони кога ни ги исчисти душите, - Нешто ни шепна морето О, благословени дечиња на мојата татковина, Шепнете го и вие неговото име и тоа е доволно Врвовите на вашиот глас низ иднината.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
За таа цел го одбрала Рибоокиот (името не му го узнав), член на разузнавачка служба во соседна земја кој имал врски со влијателни луѓе од мојата татковина.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
О, невино, и самиот во мачна прелага живеев, сè дури не осознав дека и врз твоите коски е удрен печат на прокоба и роб: јас продолжувам а ти како заробеник стоиш оковано на брегот на мојата татковина.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
А романите Ова е мојата татковина, Мојот Американски аџилак и Орелот и штркот ги обработуваат темите од животот на македонските печалбари во Америка, а во ретроспектива авторот врши анализа на состојбата во Македонија и на искуството, доживувањата и психологијата на Македонецот во својата татковина и во туѓина.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Едниот случај бил кога била објавена неговата книга на неговиот мајчин македонски јазик и честа да биде гостин на родната земја, кога таа е слободна држава и е ковач на својата сопствена судбина, другиот случај бил кога неговиот автобиографски роман Ова е мојата татковина бил најден на канцелариската маса во Белата Куќа на Претседателот Франклин Делано Рузвелт, веднаш по неговата смрт.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Еве како точно гласи писмената изјава до македонските издавачи: До македонските издавачи: Ве молам да се придржувате на корекциите кои јас ги обележав во романите Мара, Ова е мојата татковина, Лавот од Јанина и Орелот и штркот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
За време на овој период тој ја објавил историската хроника Херои и Убијци (1935) и романите Мара (1937), Ова е мојата татковина (1938) и Лавот од Јанина (1941).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Поточно романите Ова е мојата татковина, Мојот американски аџилак и Орелот и штркот, меѓу другото, претставуваат и автобиографско мемоарска трилогија што го опфаќа животот на авторот од раното детство во селото Кономлади, неговото иселување во Америка, печалбарскиот живот во оваа земја, па сè до неговото реализирање како новинар.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Таквиот емигрантско-печалбарски пекол Христов најсликовито и трогателно го опишал во неговата автобиографско-мемоарска трилогија: Ова е мојата татковина (1938), Мојот американски аџилак (1947) и Орелот и штркот (1976).
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во автобиографскиот роман Ова е мојата татковина Христов со раскошна писателска реч ја изразил драмата на Македонија нејзината дезинтеграција, поттикната од ”американоманијата” што ја исцедила машкоста на Македонија и ја опустошила македонската земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Пред сè, романот Ова е мојата татковина е рационален и интимен израз на силните чувствителни набои на авторот за Македонија и македонскиот народ што му го вознемирувале и облагородувале умот, срцето и интелектот за сето време на неговата работничка, студентска и интелектуална дејност во далечната земја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Збогум, можеби мислат тие што си одат, мојата татковина се вика Неврат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
- Со мојата смрт ќе им го фрлам на моите непријатели, на поробувачите на мојата татковина, мојот безграничен презир.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Во непознат крај не си ни на небо ни на земја. Не знаеш каде си.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
На овој пат низ неоткриени географски места, стварноста ја доживував поинаку отколку таму, во Пупипафија, Во таа моја улица и моја татковина.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)