мој (прид.) - суштина (имн.)

Тоа е изворот на пленетоста, на водата во мене. Сочноста на мојата суштина што ми дава сила да постојам.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од време на време мислам дека е така, но чувствувам како да ми бил доверен некаков тип на источњачка мистерија, светиња на некој страшен бог, па ме обзема чувство на лична недостојност за она што е моја суштина.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Лудувањето е моја муза, моја суштина. Тоа е лек за сите мои болести.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Целата моја суштина се вовлече во таа намера да му помогне на овој млад човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)