мој (прид.) - страв (имн.)

Мирон молеше: „Кажи, брат, има ли лек за мојот страв? Има ли?“ Има ли лек за тебе, брате Јоване?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
* Седам во тремот додека врне дождот а чинам дека тече по мене по моите вршки и лисја по моите гранки по стеблата по корењата по моите мравки тече по мојата шума по мојата земја по мојата мисла тече по мојата изненада закопана во брчките го брише мојот уплав мојот страв мојата осаменост во бесоницата во трептеж во напуштеност врви по дамарите мои се вовлечува во моите очи дождот што ме буди што крепи што плоди и јас станав извор што ѕвони цвет што се шири плод што се дрочи додека живеам и растам во оваа стара шума на моето постоење во вишнава гора во шумниве лисја.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
Наскоро се покажа дека татко ми бил во право.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Така и тогаш, се ослободив малку од моите стравови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајко моја страв ми е да си одам дома.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Понекогаш, кога мојот страв ќе ја создадеше помислата дека тој ќе си го одземе животот, сакав да побарам пари од брат ми за да можам да отпатувам, да го пронајдам имотот близу Минхен, каде Рајнер израснал и каде што сега веројатно беше, но знаев дека за да дојде во мир со себеси, за да дојде до одговорот на „Кој сум јас?“, му беше потребно да биде сам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Човечкото суштество е најкревко во стравот и очајот; мојот страв, роден од очајот на Рајнер, се откриваше во засекувањата на воздухот кои ги правеа движењата на моето тело, во ехото на моите зборови, во сенката на мојот поглед, и мајка ми тргнуваше по трагите на стравот, ги забодуваше своите зборови во мојата ранливост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми велеше дека целиот живот ќе бидам сама, ќе тонам во својата самотија, ќе останам немажена и така ќе бидам срам за целото семејство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Затоа и заминувајќи од градот не ја зеде мојата адреса, не ми ја даде ни својата, и така ниту преку писма не можевме да си кажеме како сме и што правиме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка ми го насетуваше мојот страв, иако не знаеше од каде доаѓа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не плаши се,“ ми рече, и ја стави дланката од својата десна рака на мојата лева слепоочница. Дланката му трепереше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А тогаш, во моето детство, во мојот страв и мојата болка, само мама забележа дека нешто се пресече меѓу мене и брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Брат ми седеше на креветот до мене. Го чувствуваше мојот страв.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дали сега сум благодарна кога нешто друго стана предмет на мојот страв?
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
И. К.: Не. Не поради недостаток на материјали - денес во Русија можете да направите сѐ што сакате.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Но моите стравови се многу реални; мојот живот и мојот ум се дел од една застрашувачка стварност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Одвреме-навреме наидува и стравот, зошто да те лажам, но сепак, повеќе му верувам на твоето знаење одошто на мојот страв.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А вие не престанувавте со смеењето. Му се потсмевавте на мојот страв.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)