мој (прид.) - согласност (имн.)

И тоа уште пред да ја слушне мојата согласност!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, за волја на вистината, доброволно го имам прифатено предлогот: место да издржувам казна затвор, или пак да бидам погубен, што беше многу поверојатно со оглед на приложените обвиненија, со моја согласност бев префрлен овде, во подземните трезори на библиотеката.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Затоа и се впуштив во оние можеби непотребни објаснувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како што реков, тоа „книгиче” беше издадено без моја согласност и затоа се повикав на моите авторски права преку Авторската агенција (впрочем, тие добиваат провизија за секој мој хонорар) со што, сметам, случајот е затворен.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Не смееш да се сомневаш во она што и го предлагаш на девојката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако не бев сигурен колку тој самиот ги следи сопствените зборови јас мавтав со главата, мавтав, мавтав, а не знаев на што точно се однесува таа моја согласност изразена само со кимање на главата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не сум сигурен зошто а сепак верувам дека со овој гест само и ја подавам мојата согласност.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ му изнапишав: „како ми е страв да ѝ кажам на мајка; дека ме држат затворена како затвореница; како секој ден ме навиткуваат да се согласам за Никола и оти еден ден ќе го сторат тоа и без мојата согласност.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)