мој (прид.) - сага (имн.)

Нам ни преостанува само просторот на француското јазично подрачје, да се претставиме со нашите различни светови, со нашите разлики, но се разбира да бидат прифатливи и стилски култивирани.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Ја пишувам оваа книга за да го вратам времето кога Елен Лејбовиц живееше интензивно со мојата сага и да ги разберам причините за тоа присуство.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Беше крај мене кога пишував, но одеднаш умееше да се оддалечи, да укаже на својата дистанца, едноставно да ја нема или целосно да ја смени големата тема од сржта на мојата сага, да се сврти на помалку значајни теми, на прв поглед банални, дури и да ме предупреди дека и не морам да одговарам на нејзините писма.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Планот за мојата сага по напишаните Татковите книги, Времето на козите, Атеистички музеј, Балканскиот клуч и преведени на француски јазик, ги опфаќаше и веќе објавената книга на македонски јазик Патот на јагулите, па другите кои беа во тек на пишување романите Тврдина од пепел, Ервехе книга за една мајка, па Љубовта на Генералот, Мајчин јазик и Времето на јаничарите...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имаше нешто живо, полетно во нејзиното пишување кое го поттикнуваше моето, понекогаш насочување на поединости, за мене невидливи, кои водеа кон поширок хоризонт во опфатот на мојата сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие продолжувате на чудесен начин да ги обединувате сите атоми на мојата сага по целината по која трагам.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имајќи ве за верна читателка, како што го имам Крисман за верен пријател на мојата балканска сага, си дозволив, да ви зборувам за него и за неговите придонеси во мојата сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Како да се обидував да ги ставам на еден вид проверка натамошните планови за мојата сага, небаре го барам нејзиниот благослов во пишувањето како некогаш татковиот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трагаш по тврдината на загубената меморија, градиш еден вид тврдина во пепел.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Имав чувство дека еден ден сигурно ќе ја изгубам мојата најверна читателка, ќе исчезне, ќе ме заборави, ќе ме остави сирак во мојата сага.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)