мој (прид.) - реакција (имн.)

Три чифта очи на непретставени присутни од албанска страна внесено ги следеа моите реакции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Го очекуваше преостанатиот дел од мојата реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сокриен е можеби зад некој статуа, секогаш готов да се појави во вистинскиот момент, да ја одржува врската помеѓу нашите, посебно моите реакции и Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Кога Х.Х., не можеше да наложи нова провокација и залудно очекуваше моја реакција, тогаш стреловито брзаше кон првиот телефон.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. ја очекуваше мојата реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но Х.Х. и О.О. продолжуваат упор­но да ја следат секоја моја реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во него беше вграден делот на големиот идеолошки-партиски-полициски механизам кој примаше инструкции од Централата во кој се разработуваа сите мои реакции при допирите со луѓето и земјата, па се испраќаа прецизни директиви.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. се виде мигум изненаден од мојата реакција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше сигурно дека го запишуваше моето прашање, го редеше во збирот на сите мои реакции, доработувани во Централата, но дополнувани и со негови преамбициозни опсервации.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Но, тој продолжи без да чека на моја реакција, верувајќи дека сигурно ќе ја предиз­вика: - Кога конечно нашиот Водач насети дека остануваме повторно сами, изолирани во историјата, без пријатели, а опкружени само со непријатели, тој во народот го разбуди вечниот одбранбен инстинкт...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Тој ја очекуваше мојата реакција: - Вие немате право да ми се заканувате, да ги загрозувате моите човечки права.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
До нас неочекувано се доближи Х.Х., се разбира за да ги проследи моите реакции.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И сериозноста на погледот додека ја очекуваше мојата реакција ја паметам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мислам дека моето однесување што уследи не ја задоволи, или поточно ја разочара.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Млад и енигматичен. Кул, до степен на необјаснивост.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ТЛ: Што ќе кажеш за Лукас Јондербој? ВГ: Лукас е моја реакција на посенишната и поинтересната страна на панкот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој е член на Модерните Пантери. Тие се еден вид на МекЛуановата Освета. Медија-монструми.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неколку моменти останав во креветот мртов ладен, се правев и зачуден, а потоа се обидов да си поиграм недоветен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога го рече ова не пропушти да ја измери мојата реакција со оној негов надмоќен поглед од кој извираше победоносен пламен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој е единствено живо суштество што во последниве години ме трпи и кого јас го поднесувам во постојана близина, па како таков одлично ги препознава моите реакции.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Тетка ми веднаш ја прочита мојата реакција и ме одведе на горниот кат на куќата, каде што, ми објасни, ќе биде "мојата" соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетка Марија не изгледаше ниту толку средено ниту пак отмено како тетка Олга - дури ни престилката не ја имаше извадено (како што забележа тетка Олга и подоцна му кажа на тетин ми), а околу главата имаше завиткана темна шамија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа е и мојата реакција на Серл; „Не е добро, не. Си докажал премногу.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Со половина уста прашав: - А, за што би разговарале? – иако од прв пат можев да погодам: само ден пред тоа се појави нејзиниот расказ „Прстен” во весникот, и таа од мојата реакција можела да погоди дека сум го прочитала, па сака да се објасниме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Немаше што да се објаснува, сè беше јасно, ама, ајде кога запнала – попуштив.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Подзастана малку во зборувањето, чекајќи ја мојата реакција, ама јас решив да си молчам, па уста не отворав, а во себе постојано си велев, вади се сега колку сакаш, вади се, ама што и да кажеш не ќе можеш да се извадиш.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Мислев дека тебе ти е јасно – продолжи по куса пауза – какво значење за мене има „мојот свет”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Стомачето, исто така, се зачуди на мојата реакција, веројатно и тој мислеше дека одвај чекам некој од пејачите да ми пријде, а зошто, за да бидам нивна евтина играчка, не благодарам, имам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)