мој (прид.) - разбирање (имн.)

Бев сигурен, таа уверност се јави ненадејно, дека во Пенчо се кријат две суштества еднакво чудни и туѓи на моите разбирања.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По мое разбирање, ова е рамно на суровоста со која Ритон се гордее.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Со истата брзина раката ќе ми избегаше пред оган; чија и да е смрт или повреда на истиот начин ќе ми ја одземеа силата; а имаше многу причини да се замрзнам, бидејќи, на пример, 118 okno.mk чувствував дека мојата сопствена смртоносна болест се придвижува; но ништо од тоа не можеше да ја предизвика одвратноста до којашто доведе тоа нејасно препознавање, а тоа е реакција на целата моја природа која го премавна моето разбирање и ме наведе да отстапам како пајак.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Му велам, Си велам: Морето ме прима и ме разнесува Во димензии туѓи на моето разбирање За растегливоста на векот На просторот од остатокот на здивот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Така разбирајќи го долгот кон татковината, јас се решив, прво, да го изложам моето разбирање на народните идеали на Македонците во еден ред расудувања, прочитани во петроградското Македонско словенско научно-литературно другарство „Св. Климент” 1, а после и да ги напечатам во оваа книга, каде што се поместени и расудувања непрочитани во споменатото другарство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)