мој (прид.) - прозорец (имн.)

Ако ме заборавиш Вечерва месечината е со чудна боја... а нејзината сенка ѕирка низ мојот прозорец... се обидувам некако да ја допрам. чинам ако ја допрам ќе сум блиску до тебе... зошто толку си ми далеку, колку ѕвездите .... како една најубава ѕвезда која ме мами...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Конечно сум среќен во Дантеовиот пекол вечен, и не се тресам како прут во блудниот осми круг!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
А Полнета кокошка со компири и сос слета под мојот прозорец. Дали да ја изедам?
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
МИРИСОТ НА ЖЕНАТА Градските девојки се топат како снегулки на стаклото од мојот прозорец.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Пред некоја вечер во ниедно време се џарам во мојот прозорец кон светот и на маалската телевизија гледам некој јубилеј, за многу години КУД “Стив Наумов”, така нешто.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Една вечер ја видов, на мојата улица, токму под мојот прозорец и Луција; беше во првиот ред, со свеќа во раката што ѝ го осветлуваше убавото лице, и извикуваше: „Да живее слободата, да живее новата народна уметност!“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ливадата наоколу е полна со сонце и со птици.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво е во нашава куќа. Потокот што тече под моите прозорци е двојно поголем отколку што е вообичаено, зашто снеговите од Бистра се топат, па сиот се пени и шумоли како да минува низ куќата, а не крај неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таква сина светлина почна да навлегува низ мојот прозорец.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Читам во фотелјата и повремено со левата рака ја тргнувам завесата од мојот прозорец и погледнувам како сонцето, млако и сега речиси црвено, полека паѓа зад покривите на градот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Низ мојот прозорец се гледа Париз... Доле се распостила...
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)