мој (прид.) - приврзаност (имн.)

И кога се оддалечив од животот од големите Палестинци и повеќе никогаш не можев да им се доближам, како никогаш и да не семе се познавале, остануваше мојата приврзаност на нивната потрага по мирот, по враќањето од егзил во родната земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но прифати го и овој скромен клуч што ти го подарувам со сета моја приврзаност Патрик Крисман Минуваше времето на мојата прва дипломатска година во Париз.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бев дел на една дипломатска мисија, во едно значајно време, на значајна земја, чија улога се маргинализираше, паѓаше во заборав.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Така ми се чинеше, а можеби грешев додека се обидував да си ја објаснам тегобноста на моето постоење.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој космички миг на среќавањето со мртвото тело на Рацин на плоштадот, покриено со знамето на земјата, на неговата земја за која живееше, страдаше и пееше, тој молневит душевен потрес, таа отворена рана, страдалничка, на елегичните стихови на неговата Балада што нѐ сплоти сите во плач и липање беа, можеби потсвесно, но длабоко во чувствувањето и мислата оној никулец што ги откриваше како еден нов, дотогаш непознат свет на болката на постоењето и на убавината на зборовите, мојата чувственост, мојата приврзаност и определба за поезијата.
„Елегии за тебе“ од Матеја Матевски (2009)
И јас имав можности сѐ помалку да се борам со секојдневно поголемата моја приврзаност кон Вера.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А можеби, заради мојата приврзаност кон брат ми, ме мразеше мене затоа што беше немоќна да ја мрази онаа заради која нејзиниот златен Зиги се одвојуваше од нас; тој започнуваше друг живот, градеше нов свет во кој ние можевме да бидеме само попатни минувачи, во нашиот свет тој сега избираше да биде само гостин, а мојата мајка, ако ја замразеше Марта Бернајс, не можеше ништо да ѝ стори, отровот кон љубената на брат ми никогаш не би стигнал до неа и би останувал во мајка, и затоа ме избираше мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше малку време за да му се објаснува на војни­чето за мојата приврзаност и за љубовта кон италијанското знаме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)