мој (прид.) - предупредување (имн.)

Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Како и да е, додека леташе и не обрнуваше внимание на моите предупредувања, не му посочив дека не мора толку многу да се напнува за да се докаже пред моите родители колку е супериорен.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мајка ми се насмеа, ама забележав дека ја разбра сета сериозност на моето предупредување и ми се причини дека ѝ е жал за мене, што толку голема мака си имам и што не е способна да ме ослободи од неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)