мој (прид.) - посета (имн.)

По мојата посета на Брисел, напишана е една тажна песна за мене и во неа, според Philippe Mouskes, ме нарекуваат Isaac Laquedemon.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Материјалот од својата богата Mail архива токму го изложуваше - за време на мојата посета - во „Northwest Artists Workshop”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На почетокот не размислувавме дека тоа нè изделува од нормите што ги налагаше професијата, дека стануваме заробеници на, како што при една моја посета во затворот, ми рече Круме Волнаровски: “некоја таинствена плетка од случајности, некој див, необјаснив нагон, некоја алчност, незаситност.”
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
А, сега, што? Сега можам само да се држам за пенисот во растегнатите стари пантолони и, место на повеста, да мислам прескакулица на сѐ и на сешто, но на ништо стамно, да мислам на Тери-Трајан, мојот пријател од детството, кој овие сега износени, но и тогаш подносени пантолони, ми ги даде во Гери, Индијана, при една моја посета таму, мислејќи дека ние на Балканот сè уште немаме асално да се облечеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Значи, тој се плаши од мојата посета).
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште се сеќавам со задоволство и почит на Кралската љубезност што ми ја укажа вашето Величество пред некое време, при мојата посета на Потсдам, кога ми отсвири една тема за фуга на клавичембало и така љупко побара од мене да ја развијам темата во Неговото пресветло присуство.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На едно од моите растурени гнезда се сетив.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да, додека размислував за разурнатото гнездо на штрците, се сетив на таа моја посета на градот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пред мојата посета консултирале повеќе досиеја, бездруго и грчкото.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но тешко ќе ме разбереа. Беа други луѓе во министерството, други генерации школувани дипломати.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Па ете, овде значи, мојата посета е завршена, повторно без потреба ме намачија; на тоа се навикнав; со помош на мојот ноќен ѕвонец ме мачи целата околија, но овојпат морав да ја жртвувам и Роза, таа убава девојка, која години и години живее во мојата куќа, а јас не сум ја ни забележал, – ова е веќе преголема жртва и јас морам да ја соберам сета своја досетливост за да пронајдам некакви остроумни објаснувања за да не го нападнам ова семејство, кое дури ни со најдобра волја не може да ми ја врати Роза.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Розова, со многу нијанси, во длабочината темна, а по рабовите станувајќи сè посветла, нежно зрнеста, со нерамномерно засирена крв, отворена како надземен рудник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Таа сабота се враќав од Манхајм во Барцелона, и патем поминав во женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И одговорив, и накрај воспоставивме телефонска врска, но дури на 14 мај се договоривме за времето на мојата посета.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Отвори Марија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Околу 10.30 наутро бев во хотелот Ларбалет, сместен во едно мошне мирно катче на женева, и чукнав на вратата на Борхесовата соба.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)