мој (прид.) - помисла (имн.)

На таа моја помисла која човекот со кого седам како да ја чу, ми вели со едно бескрајно ненавидување.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
По кои патишта Ти се насели во мене – јас не знам: како кученце свиткано в ноѕе скришум ги подотвораш очите и при секоја моја помисла на нешто се стресуваш набере пролетни грмотевици низ коски Ти лазат.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Утредента, додека се плискаше со ладната вода од Пребег, Иван смеејќи се гласно размислуваше: „А што би рекле вие чичко Боге во врска со мојата помисла дека татко ми избегал бидејќи се исплашил оти може да стане татко?!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Или, можеби и не сум во прашање јас?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За момент седам збунет. Се чувствувам и навреден. Навистина, што сака да постигне иследников?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека го зборуваше ова тој се сврти кон мене, но бидејќи оддолжив со одговорот, Иван сосема неочекувано праша: „Дали можеше во ваше време да се случи раководството да му забрани на некој борец или граѓанин да ја продолжи веќе создадената врска со една жена?“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако во некој, и за мене самиот непознат дел од мојата помисла можеби и постоела некаква намера.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но јас немам доволно аргументи за да го потврдам тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до намерата што се обидува иследникот да ѝ ја припише на мојата помисла, не можам да ја прифатам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Колоната е растегната како и на одење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И уште нешто што можеби ја објаснува суштината на проблемот и го прави беспредметен овој разговор: јас знаев, а и сега знам, дека ништо нема да потврдат дури и евентуалните надворешни сличности или разлики помеѓу нас двајцата, помеѓу мене и Јана.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но не сум сигурен оваа моја помисла на што ќе заличи ако ја изречам. Затоа продолжувам да молчам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби токму оваа моја помисла беше причина малку подоцна да додадам дека не треба да избрзуваме со заклучоци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Веќе сум уверен дека тој токму во моментите на таквата моја замолчаност му се посветува на она негово упорно копање низ внатрешнината на моите помисли и тоа само со сврдлињата на сивите како челик очи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Навистина знам дека оваа моја помисла симнува добар дел вина од однесувањето на писателот во минатото но ослободувањето не се однесува и на литературата!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Или, ја беше открил патеката по која поминуваше онаа моја помисла дека си пречат стаклената масичка, големиот црвен трон и истрошеноста на насмевката на писателот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И не смееме да изнесуваме наши толкувања за она Денко што го сторил - додадов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мојата помисла во моментот беше дека се наоѓам во една од сликите на Ван Гог во која е прикажан чемпрес, а зад него се ѕвездите и целото небо, насликано како на крај од огномет.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)