мој (прид.) - план (имн.)

— Да кажуам, токо којзнае дали ќе излезе мојот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Единствено со децата лесно излегувам на крај, се чини дека од стрико ми Ото сум ја наследил само таа позитивна особина.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
— Ако некој не е согласен, ќе може ли да додржи, барем да не не издаде — праша момчето место да почне со изнесувањето на својот план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А ако сте согласни, да ви го изнесам мојов план.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога само ќе се сетам дека цели три месеци се занимавав со проучувањето на тајните на физиономијата, додека најпосле, во текот на едно единствено попладне, не решив да станам сликар, градинар, механичар и морнар, и додека не заспав со помислата дека сум роден за наставник и не се разбудив со цврстото уверување како гранит дека кариерата на царинарник е она што отсекогаш ме влечело...!
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Животниот век на моите планови се смалуваше толку брзо што на крајот тие се претворија во кратки, мимолетни мисли што не можев дури и никому да му ги објаснам, затоа што не ми беа јасни ни мене.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
РЕВШИН: И еве ви го мојот план: кон десет часот да тргнеме јас и вие, Алексеј Максимович, и да отидеме во канцеларијата на Вишњевски: штом тој тогаш ја водеше вашата работа, и треба нему, пред сѐ нему да му се обратите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Веќе не можам да се сетам на редоследот на моите планови, премногу беа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)