мој (прид.) - пациент (имн.)

Значи, првата мисија ја завршив соодветно на тоа што замислив дека е најдобро за мојот пациент.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас ги поттикнувам да зборуваат за своите проблеми, преку слободни асоцијации, низ спонтан разговор, за да можам да стигнам подалеку од симптомите на нивната болест – до траумите од детството кои заедно со примарните нагони се закопани во нивното несвесно, и така да дојдам до вистинско разбирање на нивните болести и до излекување на пореметувањата кои се јавуваат кај нив во процесите на чувствувањето, мислењето и однесувањето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Моите пациенти не дрдорат додека лежат на каучот во мојата ординација.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со моето откритие на несвесното, со објаснувањето дека токму оној дел од нас кој ни е скриен и непознат, ги одредува нашите мисли, чувства и постапки, јас сум на пат да го сменам светот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Покрај сета заинтересираност за мојот пациент, ми стана многу жал за него како човек.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Благодарение на тоа што внимателно ги слушав моите пациенти, дојдов до важни сознанија за тоа како функционира човечкото суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тој момент тој ја прекина. - Нема потреба мамо, јас овие луѓе доволно и добро ги познавам! Томо е мој пациент.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Јас, која треба да ги лекувам пациентите- не ја чувствувам сопствената душа -сè заборавив- што сум јас- извршителка на должности- должна сум наутро да ги облечам и да ги нахранам децата-должна сум во седум часот да се јавам на работа-должна сум да давам дијагнози-должна сум да лечам-должна сум да водам љубов со маж ми-моите деца моите пациенти мојот маж-зошто ги нарекувам мои-неподвижна седам пред телевизорот-се дава некој глупав историски спектакл-мажот и децата ѕурат во екранот-мракот ме одвојува од нив-мракот ме носи во големата сала-исчекувам ли нешто-редици од свеќи-свеќи танчери-запалени свеќи-прегорени свеќи-студено ми е-толку ми е студено-кој ќе ме стопли-кој ќе ме извлече од овој подрум-само да се помрднам-да побегнам-да исчезнам-јас тука се убивам-боли ме боли-телото ми е претешко-ми треба воздух-да се одлепам-само здив-не можам-не постојам-пропаѓам-помош-помош-помош_
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)