мој (прид.) - одлука (имн.)

Не ми се мешаа во моите одлуки, дури и кога грешев.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но сепак, со полна доверба во мене ме подржаа во таа моја одлука да одам на некое време во Париз. .
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Знам, знам! Тето, сето тоа ми е кристално јасно. Мојата одлука е конечна и е непроменлива.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали во моменти потајно не сакав да се случи нешто што ќе оневозможи да се реализира докрај мојата одлука за останување во Маказар?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Оваа мисла ме успокои.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само од мене зависи мојата одлука.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
На Трендафил му се допадна мојата одлука да нема свадба.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Немој после да жалиш како мене, рече мајка ми. Нема, реков јас.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Стариот беше одамна сронат, столбот на семејството. Не се мешаше во моите одлуки.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)