мој (прид.) - обид (имн.)

Бев распната меѓу две крајности, иако тие не беа тоа, и јас не ги чувствував како такви, и во миговите кога цврсто стоев на тлото, кога бев целосно свесна за себе, кога јас бев јас, но и кога ќе се обидев да се ослободам од сето тоа и од барем дел од себе како таква, кога ќе се обидев да го отфрлам сето тоа како здодевна и непотребна приказна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Попусти беа моите обиди. Постојано се распаруваше нешто во мене.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Размислувајќи за она што го доживеав, сфатив дека мојот обид за класификација не доведе до ништо друго освен до инвентар на категориите; секој обид за усовршување на мојата шема доведуваше, според тоа, само до уште посложен инвентар. А тоа не го сакав.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Колку змии има до врвот на овој камењар, прашува Фенг и удира со стапчето по каменот, брка низ грмушките, покажува на некои избелени коски, на овој исушен череп му е совршено здодевно, вели, го поздравува монахот кој нè настигнува, потоа ме гледа в очи и вели: калуѓерот ми проштева на мојот обид да му се придружам.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Мислам дека не е, мојот обид да ви соопштам дека текстот веќе е дом, дека во куглата на телевизорот (во која паѓа снег ако се преврти) е содржана целата „куќа“ за која зборуваме, т.е. некаков скелет, некаква архитектонска структура на ред која ќе ни понуди малку сигурност и топлина, како што еден дом и треба да понуди.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иследникот инсистираше во изјавата да внесам повеќе податоци за тоа како изгледале моите обиди да им пријдам на членовите на семејството на другарот Ѓурчин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не се сеќавам што сѐ сум можел и да помислам а камоли да ги ископам од умот зборовите што сум ги употребил!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)