мој (прид.) - обврска (имн.)

Мислам дека и таа не го бараше тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Инаку, што се однесува до нејзините желби и моите обврски при нивното изведување, веднаш ќе речам дека и покрај сета почит кон неа не се чувствував задолжен доследно да ги исполнувам нејзините пораки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ние сме добро. Снегот постепено се повлекува, но со тоа не се намалуваат моите обврски во градината.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така, ниту јас кај него не можев да се задржувам предолго, поради моите обврски на факултет, поради испитите што требаша да ги положам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сакав да му речам дека тоа веројатно нема да се случи со оглед на моите обврски кон Катерина, но сепак премолчав; навистина бев збунет од неговото однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)