мој (прид.) - ноќ (имн.)

И јас сум прероден Јас сум свој по векот минат Во ова чистилиште Во оваа палата од запален сон Сместена во далечна Туѓа ноќ А, сепак, моја ноќ Што, ене, ви мавта Од последниот прозорец на векот.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Откажи се навреме. Мојата ноќ е подолга од твојот сон.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мис е чинеше дека нејзиниот крвоток минува и низ мене.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Неговата песна се повтори и во третата моја ноќ под земја.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
А и јас не би сакал со никого да ги делам моиве ноќи и моиве денови тука.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дали сепак може да се случи, мојот син Иван, негде, сосема неочекувано да наиде на трага што ќе го доведе до сенката на човекот што помина низ моите ноќи како огнот на секавицата?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оној млад човек за кого никогаш и пред никого немам зборувано.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како да не го прифатам гласот од мојата ноќ кога тој глас не ми се беше само присторил туку беше навистина сето мое помнење и сите мои исчекувања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сѐ ми се причинува дека само заедно можам да ги сочувам...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оттогаш ги шепотам заедно и тоа Ведран и она другоно Иван.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мојата ноќ е зелена како јад; одгоре, крај да не ѝ видиш, виси бесила од кобрина кожа.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)