мој (прид.) - нога (имн.)

Тогаш пак ги превртев гениталиите во дланката овде на смртната постела додека свеската, сѐ уште со раката на мојата нога над коленото, чека да може да ја шмугне својата топла дланка нагоре каде што јас ја чекам со гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Како што свеска ми ја лизга својата топла, сѐ потопла дланка нагоре по мојата нога така јас си ги превртувам гениталиите во дланката како кога размесуваш жолчка во мелено месо за ќофтиња.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Таа не брза раката на мојата нога над коленото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Свеската сега на мене чека со раката на мојата нога над коленото.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Зашто свеска ми чека да ја слизне својата горешка дланка по мојата нога нагоре до она место каде што си ги држам гениталиите в рака.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
“Па, носам она што сите го носат во Фектори, рече и ме погледна, линиеста T-shirt, малку пократка, преку друга Т-shirt, така ние тоа го сакаме овде... и Левиски... и, погледна во моите нозе, штотуку престанав да ги носам оние глупави црни работнички кондури, сега носам многу порафинирани Beatle-boots со рајсфершлус од страна...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
” Го прашав кој е и кога ми кажа дека е некој училишен весник, му реков да продолжи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Јас се одвлечкав полека во училната, се потпрев со рацете на колена и тажно ги гледав големите чевли на моите нозе, што влегоа во мојот живот како некои живи суштества, сведочејќи ми за студената пресметливост на светот што ќе го газам со нив.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Не сум изгубил ниедна војна, не сум изгаснал ниеден оган, не сум простил ниеден грев, сеедно што за семе на моите гревови ме сметаат мене.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Јас, Атила, собрав над петстотини илјади војска, кој од кого посуров и побезмилосен, испозаклав стада и стада животни на кои им беше одрана кожата за илјадниците тапани и со години и години цела Азија ткаеше платно за знамињата, потреперуваа под моите нозе Алпите...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
А потоа се наведнав и го зедов грутчето земја што се стркала дури до мојата нога и го вратив на могилата. (Бев помислил: го поттурнала таа за да потврди дека ме слуша).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Во секој случај не треба премногу да се трудиме кога вистински ќе посакаме да наѕреме во вината што самата се најавува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тоа скокна високо, испушти еден жален крик што ме потсети на детски плач, крик што и до ден денешен одекнува во мене, па се струполи крај моите нозе.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Роско, како да ме разбира, мавташе со опавчето и легнуваше крај моите нозе. Дури по малку како да се насмевнуваше.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Легна пред моите нозе, ја допре главата на шепите и болно заквичи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
- Што? Гребаница, а? Се намурти, плукна пред моите нозе: - Мижи - Асан- да - ти - баја...
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Слабоста ме напушта, моите нозе се зацврстија на земјата – одговори старецот мудро, избегнувајќи го одговорот на прашањето во врска со бикот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ана, најмалата ќерка на брат ми, која тогаш едвај одеше, стигна до мене и се фрли на моите нозе.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја зедов в раце, и ја приближив до моето лице.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кучката спокојно, би рекол, елегантно, обиколи околу моите нозе и излезе низ вратата.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како малечок, додека мама ми сошиваше копчиња или ставаше некаква закрапа на панталоните навлечени на моите нозе, ме тераше да го држам прстот во устата.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Очајни во својата тага, малкутемина од вас што се собраа кај мене во Рим, преплашени од бесот на владетелот, заплакаа пред моите нозе и рекоа: ’Татко!
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Гривест ат! Навистина ли видов бел коњ во тоа благо утро во кое и каменот се рассонуваше или пред моите усвитени црнки трепетеше павлака на треска загнездена во мене на овој пат?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го прерипав потокот и продолжив да чекорам со наводенети петици. Од голата земја пред моите нозе пркнаа неколку еребици оставајќи зад себе скомињав цвркот. Ги снема зад забелот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ќе види тој! Штом ќе се освести ќе дотрча и ќе клекне пред моите нозе. ***
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„Ах! Кутри мои нозе, рекла таа, вие веќе нема да ме носите на врвот на ридот, на своето драго тело да му понудам што поубав поглед.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти веќе нема да го нишаш моето чедо; седејќи под убавото дрво во овоштарникот кое дава храна и сенка, веќе нема да те полнам со вкусни плодови.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Жеро Жерав слета крај моите нозе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Зашто Чом? Ти си ми должник. Знам, пак реков во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Се плашам да бидам слободна,“ ми рече.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема таа ноќ беше воздушеста, нестварна, со сè она што ми беше познато, а толку необично во играта со сенките, со голите гради, со двете танки, едвај видливи, бранчиња на стомакот и со волната од горниот дел меѓу нозете што се вплеткуваше со волната меѓу моите нозе; ја гледав благо зафрлена наназад, потпрена на рацете, првпат така целосно фатена во мрежата на сенките од розовата светлина на пред малку запалената столна ламба, од левата, и светлината на уличните канделабри, што трепереше преку завесата на прозорецот, од десната страна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
„Витален орган“, велеше и се смееше, лизгајќи ја десната рака до подлактицата меѓу моите нозе, допирајќи ме на долниот дел од задникот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Зарем не уживаш затоа што си жив? Не сакаш ли да чувствуваш: да речеш, ова сум јас, а ова е мојата рака, ова е мојата нога.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога зачекорив по скалилата нагоре, го видов мачето до мојата нога, но не тргна и тоа нагоре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Удира... ѝ се раскрварува косата... Вреска!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Расцепена е! Ѝ бутам еден голем прст во око...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Целиот е омекнат под моите нозе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Пишувам, пишувам, но „тигарот“ е вистински тигар од хартија, бескрвен и невозбудувачки, воопшто не личи на опасниот, неодолив деспот на џунглата крај моите нозе... ...всушност, вечерва не требаше воопшто да излегувам.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ми се причини почувствував како истекува, жуборејќи, покрај моите нозе а потоа и низ ходникот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Човекот во сив костим и бела кошула, оној кој и во мое присуство прилично долго се дошепнуваше со Вртанов, најпосле ја собра папката од бирото, му се заблагодари за услужноста и помошта, а потоа, поминувајќи покрај моите нозе качени на бирото, го задржа за момент својот студен и безизразен поглед на мојата дребнавост.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Да, за да станат тие личност. Јас, моите раце, моите нозе!
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Звук на моите нозе на тешкиот песок. Слушам.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Сестрата во болницата во Елбасан ми рече дека мојата нога ја изнела во количка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А кога лежев в болница осакатен од едната нога, до креветот ми застана еден мој братучед, и откако ме распраша за здравјето и ја исплакавме мојата нога, ми рече: - Е, сега браче, ќе дадеш мужде?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Дон Хуан, кој седеше до мене, ја спушти теглата со пупките меѓу моите нозе.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сиот задишан ја отворив предната врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога децата ја видоа тортата, извикаа од среќа, а тетка ми Олга се обиде под маса да ја клоцне Кристина, но по грешка настрада мојата нога.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Одат без мене, без моите нозе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Плачливо и инаетливо реков дека повеќе мојата нога нема да стапне дури и во училишниот двор.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Само за малку па предните тркала да се најдат врз моите нозе!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најмногу се растажив кога забележав дека кучето Синга не ми се израдува кога ме виде, не скокаше и не се палавеше околу моите нозе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Неколку се сронија под моите нозе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)