мој (прид.) - невиност (имн.)

Кога ќе легнете крај мене вие ќе имате стрпливост да чуете сѐ што сте ѝ повериле на мојата невиност, А до тогај нека ве хранат дневниците од нашето продадено пријателство.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
- Не сум! Да знаев дека мојата невиност ти е толку важна, ако ме прашаше и ќе ти кажев.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
И јас, со своето перо, како Сизиф, го барав среќниот излез од јазичните лавиринти на Балканот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Кога неговите очи ќе се загледаа во моите, и моите во неговите, неговиот поглед не паѓаше надолу, по мојот врат, по моите гради, кон моето меѓуножје, ниту пак мојот поглед паѓаше по неговиот врат, по неговите гради и подолу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Верувајте, пред ,небескиот трибунал на моите предци, ќе се борам за правото на мојот алхемиски јазик на животот, составуван од балкански и други јазици, со сето искуство и на другите, се разбира не со цел да го релативизирам обвинението на ,небескиот трибунал, како и мојата невиност со цел да си ја спасам душата туку просто да кажам и да докажам дека не постои докрај чист јазик, како што не постои ниту ,чист народ, ,чиста религија, ,чиста нација.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Бевме во добата на невиноста. Неговата и мојата невиност се допираа како два меура од сапуница кои, наместо да се пукнат при допирот, се соединуваат во еден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)