мој (прид.) - мислење (имн.)

Духот тоа не смее да го заборави.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Со тие идеи, по мое мислење, Спиноза е еден од актуелните мислители за влегување во наредното столетие. разговарал: Горан Сергеј Присташ (Фракција, 4) тематот го подготви и преведе: АртАнгел Маргина 37 39 Владимир Гавчев Медитации за духот и телото И Врховниот Бог се насмеа, па заплака, почувствува безгранична љубов, па ги соедини човекот и неговата Душа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Толку сум слободен да Ви обрнам внимание, со оглед на моето долгогодишно дејствување во германската јавност и мојата длабока поврзаност со германската музика, на настани што се случуваат во музичкиот живот, а коишто не мораат, по мое мислење, нужно да бидат поврзани со повторното оживување на нашето национално достоинство, кое сите тие го поздравуваме со благодарност и веселба.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
А кога Пек заради нимфоманка ја напушта својата отмена жена, мора да нѐ увери дека е опседнат со неа.”
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Единствената вистинска придобивка во овој случај се состои, по мое мислење, во повторната егземплификација на сознанието дека не е можно да се мислат и репрезентираат тнр. национални вредности во културата по пат на уметничка или интелектуална продукција, а да не се падне назад во националистичкиот дискурс во културата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ме посети неговата жена и ми рече: „Не можам да дозволам мојот маж да игра една таква улога кога очите на целата младина на Америка се вперени во него”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Саботер (Saboteur), 1942г. •Хичкок: „По мое мислење, Саботер не успеа поради тоа што Камингс не беше за улогата на главниот херој.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Случајот Парадин (The Paradine case), 1947г. •Хичкок: „По мое мислење, актерите ги поместија сите вредности и основната ситуација на оваа приказна.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ќе си имаме уште расправии со него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— А бре, браќа, по мое мислење ризично е да тргаме, ризично е и да останеме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Беше пријателски настроен кон мисијата, но имаше некоја резерва во неговиот став, што се должеше, по мое мислење, на нашата претходна помошна Михајловиќ.125
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
4Значи ли тоа дека меѓу занимавањето со филозофија и занимавањето со пишување, што е ваша работа, и политиката не треба да се воспоставува врска?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Според моето мислење, сѐ се „изведува“ од искуството (на живото, секојдневното, безопасното или промисленото, секогаш насочено кон невозможното), така што ми останува да настојувам да пишувам на начин при кој јазикот на другата личност да не трпи поради мојот, да ме поднесува без страдање, да го прими гостољубието на мојот јазик не губејќи се и не поистоветувајќи се со него.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Навистина, по Големото стакло, Дишан сѐ повеќе се оддалечуваше од концептот за дело кое претставува грижливо разработено произведување на објект, со цел да им се посвети на низата несредени постапки кои во минатото биле сфатени како вистинска провокација или глупост, кои се својствени за дадаизмот; но, дури и овие постапки, по мое мислење, се здобиваат со одредена „смисла“ во рамките на алхемиските или другите (помеѓу филозофските и научните) кодекси. 198 Margina #8-9 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Со хомофоно читање од “souffleur de serre chaude”, што по мое мислење претставува само уште еден доказ за тајниот механизам кој “Големото стакло” го толкува како алхемиско возвишување: “La mariee mise a nu”, “La Mariee est mise a nue”, “par ses celibataries”, “par ses celi-batteurs”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А.А. само што не ми рече дека се согласува со моето мислење, но тоа ќе беше пресилна доза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Јас во мигот молчам, но сигурно нема да останам без коментар, без да го искажам моето мислење зашто поинаку кажувањето на К.К. би било разбрано како одобрување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Моето мислење останува мое мислење.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Второто навраќање на Боге од Бањи, само за да проверел колку ми напреднала работата, го искористив за да му го соопштам моето мислење дека изгледа токму бабите се најдобро информирани за однесувањето, дејствијата и последиците на смртта.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Само на тие љубопитни и ситно зборлести женички им е позната адресата и канцеларијата на секретаријатот на таинствената институција во која се сортираат душите што го напуштаат животот“, му реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Дозволете, според мое мислење тој факт не му се случил на Херасков туку на Тредјаковски - ќе речете во тој случај, доколку сте начитан човек, на што Сухов одговара секогаш исто: „Работата е нејасна“; ако не сте начитан човек, вие само ќе кимнете со главата, само можеби малку ќе се солидаризирате: „Ете како се подбивале со поетите во времето на царизмот“. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 69
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
А тој одговара: „Срам ми е, Гаврил Романович, но што да се прави: не можам да не пишувам...“
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Еве, сега, мое мислење си е дека нема да имам бебе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Тие претставуваат потенцијални места за влез во начин на суштествување усогласен со твојата визија за еротско и естетско совршенство, наместо постоење што ти бара да си ги жртвуваш сништата во служба на стварноста – на тмурниот, исполнителен живот како оној од улица Корделија во Питсбург кај Катер (бистро именувана според скромната, нестремежлива, буквална ќерка на кралот Лир) – како што стрејт-општеството би сакало да правиш.281 Во таа смисла, борбата на Пол во приказната од Катер или борбата на Веда во Милдред Пирс е борбата на машката геј-култура како целина.282 Веда не само што ја застапува каузата на бегството, со помош на пари (во нејзиниот случај), од задушниот свет на хетеросексуалните семејни вредности; таа исто така се бунтува и против самиот биолошки детерминизам.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Бременоста си ја третира како повратна опција, како да е возможно самата во секој миг да решава дали ќе биде или нема да биде бремена, дали да си ја промени репродуктивната состојба така што само ќе си се премисли: „Прашање на мислење е тоа.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Како филозоф кој е воден од интересот за умот и за вистината би одговорил на Вашето прашање, дека е така бидејќи текстовите по мое мислење така егзистираат и така се читливи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
По мое мислење, може да постои ист таков разговор меѓу мислител или филозоф и научник.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Овие се (било со нив да се согласуваме или не) според моето мислење важни пред сѐ заради тоа што со својата содржина секогаш одново ни докажуваат дека расправата по тоа прашање е воедно и прашање за самата суштина на популарната култура. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 97
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За мене популарната култура е непроценлив извор на разновидни и противречни надразби и пориви.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Популарната култура ја доживувам како важен дел од мојот живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На тоа јас можам да го одговорам само ова: по моето мислење, сегашните, т.е. мирцштегските реформи се максимумот што можеше револуцијата да го ископча од Европа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При сѐ што беше речено погоре за новото течење во развивањето на националното самосознавање кај нас, ми се чини оти мнозина од вас во моите мислења и зборови ќе видат само една мистификација.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во таков случај, има ли смисла понатамошната борба? – По моето мислење, нема.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По мое мислење, расказот што го пренесуваме во Маргина, „Ѓон“, е една од најдобрите студии на нашите менталитети, на нашите судири „провинција- центар“, еден бескрупулозен и себе- разоткривачки расказ кој поседува и сила („автентичност“, жестина) и вештина.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Меѓутоа, тоа е мое мислење кое не наидува на никакви граници.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според мое мислење може да се направи една паралела меѓу творештвото на Чинго и на руските прозаисти од советскиот период но само како укажување на некои идентични резултати што се остварени во две различни средини. Различни и блиски.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Романот е фасцинантна вивисекција на балканскиот дух, предадена низ една интимна фокализација (на дете кое е сведок на интелектуалните разговори на двајцата балкански Дон Кихоти), со чести и луцидни коментари на човек упатен во сите научни области сврзани со балканологијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во секој случај, Луан Старова, со овој роман, според мое мислење, ја дава круната на својата балканска сага, но приложува и клучна книга во библиотеката на балканското разбирање и балканската археологија на знаењата и самопознанието.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Тоа не е само мое мислење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„По мое мислење, - зборува Аненков, - нема ништо повеќе условно од таканаречените „натуралистички“ драми.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По мое мислење, тоа е комплимент.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: По мое мислење, прекрасна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ВЕРА: Ако сакаш да го знаеш моето мислење: ти сето ова премногу го земаш при срце.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По мое мислење, многу е љубезно од нивна страна што се јавија по телефон.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По мое мислење, доста генијално.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
По мое мислење сѐ беше многу успешно, нели?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
ЉУБА: По мое мислење, тој е ненормален.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Толку што се однесува до милионите, уживајте во фрагментите од книгата што ви ги пренесуваме. (Аббе Бузони)
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Демократија без граници По мое мислење, таа спротивност може да се разреши или со пораз на демократијата поради победата на пазарната економија, или со спротивниот развиток, или така што ќе измислиме „демократија без граници“, демократија во која граници­те веќе не се единствениот критериум за тоа чии сме граѓани според тоа во кој регион живееме; друга можност е човекот своите права на граѓанин (и државјанин е да може да ги користи во разни региони; трето, да има право да припаѓа на поголем број региони.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Ж: Тоа би можеле да го претпоставите: Бах, на пример, не е лош по мое мислење.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но деновиве, ви признавам, сè повеќе и повеќе ме интересира еден, како да го наречам, посебен вид музика.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
И така конечно направивме папазјанија од приказната која ја напишавме во текот на самото снимање, и по мое мислење - филмот беше ужасен”. œœ Човекот од островот Ман (The Manxman), 1929 г.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Според мое мислење книгава, раскошно илустрирана, треба да се отпечати во пар милиони примероци (ја покрива целата палета на читачи, од дечурлана до тнр. постмодернисти!) и да се претвори во предлог-сценарио за холивудски спектакл со буџет од 100 милиони долари.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
По мое мислење, полека се раѓаат институциите на една демократија во која границите веќе не го даваат правото на исклучување од користењето на граѓанските права.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа помисла ја прифатив како потврда на моето мислење дека од таква голема височина некои навидум ситни нешта не втасуваат до нашето око.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Овој разговор се водеше помеѓу Зрновски и Јана пред да ѝ го постави Зрновски она провокативно, а по мое мислење и неодмерено прашање, дали ѝ се допаѓа новиот млад пријател и тоа во присуство на Самоников, а Јана речиси во истиот момент со прстот нерешително покажа кон мене, како да избира помеѓу многумина, и покажувајќи кон мене таа всушност ја крена раката за да го скине јаболкото, си реков и сетив дека црвенеам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што се однесува до неговата ќерка моето мислење и пред овој настан беше заокружено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И веднаш да додадам, станува збор за впечатливо и според мое мислење најдолго патување при тие мои испитувања бидејќи Бушавиот избираше такви коридори што користеа многу непознати скали; коридори со качувања и слегувања; коридори без светла но и со блескотно осветлени премини.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште кога беа спомнати раните плодови, мислам дека Самоников ја сфати пораката, или ако сакате метафората за брањето, што симболизираше нечии судбини гравирани со знакот на минливоста.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
При ова патување речиси постојано се среќавав, дури и се судрував со чудни фантазмагорични привиденија, чии што контури повеќе потсетуваа на кукли што ги гледаме по излозите но со подвижни екстремитети, со лица што се смеат додека очите плачат, дури и со зборови што не беа кажувани туку едноставно извираа од утробите на овие креатури.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Јас малку го познавам светот на издавачите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во вториот пасус од текстот вие пишувате: Родителите носеа притаена и смирена побожност што никогаш не ја пренагласуваа... (...Mes parents nourrissaient une forme de devotion discrete et sereine qui ne transparaissait jamais dans leurs actes) Но јас не можам да се ослободам од чувството на неудобност, кога се соочувам со преводот на зборот од текстот дејство со acte, што според мое мислење се работи за несоодветно толкување и покрај тоа што не мора да се знае македонскиот или албанскиот јазик за да се утврди тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш, чуму моето мислење?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но ако, како што вие ми најавувате, сакате да го имате моето мислење, ми се чини дека е чесно да ви кажам дека книжевната критика е домен во кој немам никаква компетенција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не, и има зошто: јас му пишував без да му ја дадам мојата адреса оти бев сигурна дека тој нема да ми одговори или, доколку го сторил тоа, би се задоволил да ми го каже тоа што веќе вам ви го кажал.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)