мој (прид.) - мисија (имн.)

Само се чудам зошто кога ги дупам помладите сите викаат „ОФФ, ОФ“, а никој не вика „УФ, УФ“!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Единствено што 144 okno.mk сакам е да му докажам на светот дека мојата мисија е праведна!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Се надевав, дека престојот во С. не ќе биде долг, дека брзо ќе се види дали ќе успее мојата мисија, дали моето име на главен коментатор и уредник во „Време“, со години на ред и главен аниматор и учесник во некои важни кадровски консултации, ќе биде гаранција дека брзо ќе ги завршам работите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Успеав да го најдам злото. Мојата мисија, за сега, е завршена.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Пред да го започне разговорот Будимир Лончар со мене, прелета со погледот врз едно досие кое му го донесе секретарката.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Претпоставив дека тоа беше моето досие со записникот и оценката на мојата мисија по завршниот разговор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Набргу дојде и до мојата проштална посета со Јасер Арафат, како прв амбасадор во државата Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
А јас ја продолжив мојата мисија на отворање на нови врати, рефрен наследен уште од моето детство, што се пренесуваше и во моите книги... А kapi...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Повеќе никогаш не се видовме...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како да остануваше палестинската судбина, мое приватно прашање, бев исклучен засекогаш од официјалната надворешно политичка орбита на земјата...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во текот на подготовките пред заминување во мојата мисија за амбасадор во Тунис и при државата Палестина, пред заминување на амбасадорските постови ги посетивме сите југословенки воени бази и една подморница во близината на Сплит. Се викаше Лора.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше човек со живи емоции, иако во поодминати години од животот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ме пренесе на првите месеци од мојата мисија во Тунис, кога летото 1986 година Титовиот школски брод Галеб запре во туниското пристаниште на своето традиционално крстарење со генерацијата нови поморски кадети.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Знаев дека додека таа живееше татковата библиотека продолжуваше да има реално и метафизичко значење за неа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бешир како да беше проникнал во текот на мојата мисла.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
На крајот претседателот Бен Али не заборави да ми го повтори поставеното прашање од пред четири години: дали ќе пишувам за Тунис од времето на мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Престануваше мојата мисија во државата Палестина во Тунис, но веќе се наѕираше и почетокот на крајот на Југославија, државата која ја претставував.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Продолжуваше мојата мисија во следењето на палестинската судбина, некогаш како дипломат, како амбасадор на државата која веќе не постои во државата која толку силно сакаше да постои.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Како што Татко не ја доживеа мојата мисија како амбасадор на Југославија во Тунис и Палестина, ниту Мајка нема да ја доживее мојата мисија како амбасадор на Република Македонија во Франција, Шпанија, Португалија и при УНЕСКО во Париз.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Со години не се произнесував во јавноста за мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тука беше и револверот со кој бев задолжен до крајот на мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најде избрани зборови и за мојата мисија, макар што таа беше повеќе посредничка, вообичена, отколку иницијативна, креативна.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ниту САД, ниту блиската Италија, за која се велеше дека дури и директно била вмешана во државниот удар. По дипломатскиот подвиг со молскавичното признавање на Тунис од страна на Југославија требаше да настанат помирни и попријатни денови во мојата мисија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во очекување на Сојузниот ми се наложуваа генерални размисли за мојата мисија, за балканската историја, за натамошните искушенија во животот во мојата нова татковина која наскоро ќе исчезне.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Само тие како да беа останати на големата постојано отворена врата на земјата, достоинствено верни на пријателството...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Други времиња, други луѓе. Новиот Сојузен го променил некогашниот распоред на кабинетот. Не ја забележувам сликата на Тито...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но, сепак се созедов. Фактот дека мојата мисија се поврзуваше со јагулите, ми даваше зраче надеж.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Меѓутоа, сè уште не можев да навлезам во суштината на мојата мисија...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ви се восхитувам на интуитивната моќ по читањето на романите Татковите книги и Времето на козите како успеавте да проникнете во нивните суштински пораки и да ги поврзете со времето на мојата мисија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Вие без да знаете дека јас се враќав на Балканот, ми посакавте успех во мојата мисија во Франција.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Пред моето заминување во Париз како на дланка ми ги откри тајните на Quai dOrsay, доминантната институција на француската надворешна политика во која во најголем дел требаше да се одвива мојата мисија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мојата читателка Елен Лејбовиц, радоста на моето пишување, во потрага по среќата во меандрите на егзилот, не можеше да знае дека мојата мисија како амбасадор во Париз завршуваше токму на денот кога го добив ова прво писмо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Првите денови од мојата мисија во Франција, во Quai dОrѕау, во таа тврдина на милениумската француска дипломатија, како да се најдов во потрага по излез од лавиринт, метафора толку честа во мојата семејна судбина, наследена од татковиот живот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Знаев дека тоа беше моја мисија, како што секој си има своја.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)