мој (прид.) - мака (имн.)

Фала му на Бога што ме донесе на ова место и што им стави крај на моите маки.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Почнав да викам, но неколку моменти потоа се мразев себеси што така реагирав и си ветив дека колку и да ми биде тешко не смеам вака да реагирам, моите маки ќе поминат, што беше тоа во споредба со тоа што ти го преживуваше.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Што да речам? Со кои зборови да му ги кажам моите маки?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Утре ќе се фрлам на градите од мајка и сите мои маки ќе исчезнат!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ама се уште имав сила со заби да си ги раскинам жилите од рацеве и кога видов како потече крв, тогаш си реков, ете им дојде крајот на моите маки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И тука започнаа моите маки.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
„Сега ќе се одморам!“ - здивнав олеснето, но не претполагав дека моите маки допрва ќе почнат.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Овој звук ме потсети на мојата мака, а и се засрамив што таа дури може и да се слушне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Мојата мака не е за плаќање.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Никој не знае за мојата мака штом ветроштини ѝ го зеле млекото.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ама таа не знае за мојата мака.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)