мој (прид.) - лик (имн.)

Обично моите ликови се ком­ позиција од повеќе луѓе - од сонови, фотографии, луѓе што ги познавам, и мошне чес­то ликови од други тек­стови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ти можеш Можеш да ми ги однесеш зборовите и во најголемите далечини... да ја дознаеш вистината на мојот лик, да го оживееш мојот сон, да ми ги потрошиш солзите за среќа, и пак да ме вратиш на почеток...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Кога понекогаш проѕирно ќе погледнев околу себе и во светот, ќе украдев неколку часови од животот, ќе слезев во ладните ходници сосема длабоко, таму каде што отсечените и отуѓените делови од моето срце и душа во темните огледала ја добиваат својата совршена слика која личи на мене, на тоа што бев тогаш кога знаев што сакам да постанам, кога имав силна причина за живеење.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Никој нема да ти го допре срцето, зошто таму е моето срце, во твојот поглед е мојот лик, во твоите очи мојата убавина, на твоите усни мојот копнеж, на твојата душа мојата љубов, на твоите гради мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И се што се случуваше со мене од тогаш, убиваше полека, гребеше, сечеше и го отуѓуваше тоа што бев јас, тоа што го дефинираше моето битие и мојот лик.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Јас и два живота да живеам нема да се доволни да простам и заборавам.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Со голема мака се воздржувам резонерски да ги коментирам „автентичните” муабети на моите ликови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Кога ќе сакам јас да кажам нешто за Америка, веројатно ќе напишам есеј за Америка.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но попусто мојата суша твојата роса ја вика: илустрација: Доминик МекГил пред мојот лик трепериш како пред света слика.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Знаев дека сето тоа доаѓа од луѓе од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, кои сметаа дека полицајката работи спротивно на одредбите на Кривичниот законик.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Знаев дека тоа доаѓа од колеги од Центарот за анализа и спречување на трговија со луѓе, кои сметаа дека полицајката работи спротивно на одредбите на Кривичниот законик.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Веднаш потоа на Фејсбук се појавија монтирани фотографии со мојот лик и со голо тело на жена на кое преку срамното со големи цифри беше запишана шифрата 5169.03.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Седнав на масата над оној бел лист хартија што ме обврзуваше, што не смеев да го напуштам и да ја прекршам мојата нема заклетва на верност, и бавно и болно зедов да го пишувам пак она што веќе го спомнав, а кое божем секако треба да биде запишано: “Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Утрото станав и побрзав кон бунарот за сега денски, спокојно, на болскотот од сонцето, да видам како се мрешка водата и како мојот лик се топи во тие нежни бранчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Паузата зад „повелете?“ беше прекратка, скоро не забележлива, и воопшто не успеав да го стивнам немирот. – Зарем е можно – ме прогонуваше – толку да се преземе мојот лик во друг?
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Застанував пред огледалото и внимателно си го разгледував лицето: - Ух, Ведане, Ведане, - му велев на мојот лик во огледалото, - до кога ти вака детски ќе изгледаш?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Брат ми веќе не излегуваше да прошета со мене, ниту пак играше надвор со своите врсници, затоа што им беа поминати годините на игрите; неговите пријатели понекогаш доаѓаа во неговото сопче, а кога тој излегуваше да посети некого од нив, мама доаѓаше кај мене и велеше: “Денес е убав ден,” ги поттурнуваше завесите и го пушташе сонцето да влезе во собата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во тие лутања низ градот, понекогаш мојот поглед ненамерно ќе паднеше на некое големо стакло, или во водата на реката или на некое вирче, па без да сакам се соочував со мојот лик, со погледот загледан во некое отсуство.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И постојано, колку и да ја замолкнував мојата внатрешна сенка, колку и да го вртев погледот кон некоја светлина која требаше да го поништи нејзиното постоење, таа го поставуваше своето прашање: Да се живее или не?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бидејќи во градот ме сакаа и до мене дури допираа магловити сплетки за желбите на граѓаните да го овековечат мојот лик со поставување на споменик, господин Пешков не посака да си ја ризикува популарноста.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- му одговорив јас, - да им го понудиме тоа на жителите: кого тие ќе одберат?
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)