мој (прид.) - лаута (имн.)

Ставајќи си го јажето околу вратот, Жерар де Нервал се сеќава на своите стихови: Мојата ѕвезда е мртва, - а мојата лаута ѕвездена Носи Сонце црно на Меланхолијата. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во лудилото не постои разлика меѓу она што е во мене и она што е надвор од мене; во лудилото цели светови постојат во мене, а истовремено најсуштествените делови на моето Јас се оттуѓени од мене, тие се таму некаде, не-мои, или мои, ама другите имаат власт врз нив. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)