мој (прид.) - куфер (имн.)

“Ќе ти се распадне куферчето така преполнето,” рече Марие, и беше во право.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зад привидниот ред, багажот во мојот куфер е расфрлан и хаотичен товар на фрустриран провинцијалец.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Роза и Марие се спротивставија, но јас го подотворив моето куферче, и во него ставив два албума со фотографии.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но Мајка прва се огласи: – Овие знамиња, мили, во мојот куфер, имаат своја историја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И овој пат застанувам со моите куфери среде патот... уморна но полна со љубов во мене.. и чекам..
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Вториот цариник, постар и очигледно со поголем стаж пребарува ревносно и упорно во моето куферче.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Некои го нарекуваат Виолина, но за музичарот тој дел од неговото тело беше Трагачот, секогаш подготвен да замине во некои далечни звуци.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)