мој (прид.) - кревет (имн.)

За малку ќе заборавев дека чевлите чија флекница ја скршив од главата на мојот бивш маж, кого го начекав со некоја пачавра во мојот кревет, треба да ги земам од поправка...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
- Ќе си играме заедно, ќе спиеме на мојот кревет, заедно ќе се капеме и ќе ловиме пеперуги по ливадата...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Тој и во мојот кревет не се стеснуваше да го тврди истото она што го слушнав од писарот во српско: дека гревот е измислица на итрите и на богатите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се зарадував кога почна да ме загрева! Не беше од оние молчаливите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако печатениот хаос околу мојот кревет означува било што од ова што го наведов, претпоставувам дека заслужува да му се простат неколку утрински сопнувања. Katie Lynes, Canadian Forum илустрација: Џон Викс 80 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Неодамна, присилувајќи се себеси да станам од креветот, се најдов врз куп книги што очигледно паднале од полицата до мојот кревет.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Разгледувајќи ја хетерогената маса на печатен материјал што лежеше околу мојот кревет - со наслови од Феминизам и Фуко до Правење на атомска бомба - бев принудена да признам дека дури поимот еден по еден интерес веќе не функционира во мојата очигледно заплеткана, постмодерна психа.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Значи, можеби растечкиот куп книги и часописи крај мојот кревет е добар знак; можеби сигнализира смрт на идејата за културно владеење (кое често е во дослух со економското и политичкото владеење); слично како и менувањето канали, можеби и тој имплицира обновено почитување на личното искуство и личните желби, наспроти „мудроста“ на културните гуруи.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Во еден момент чув некој шум, нагло се свртев и го видов Оливие, босоног и облечен во пижами како стои покрај мојот кревет.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тој седна на мојот кревет и јас знаев дека сака нешто да ми каже.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога сестра ми Роза за првпат дојде да ме посети, седевме на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сакам тоа,“ и кога го изговарав ‘тоа’, чувствував како нешто ме боли во утробата, „да биде направено на мојот кревет.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Децата на Роза и Марие беа мртви, а единствениот остаток од семејството кое не го создадов беше една избледена крвава трага на ѕидот до мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Влегов во мојата соба. На мојот кревет седеше Рајнер. „Се вратив,“ рече.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој стана, јас се приближив до него. Си ги допревме главите кај слепоочниците. Крвта удираше во крвта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Светилката надвор од бараката, поставена близу до прозорецот под кој беше мојот кревет, ми овозможуваше да гледам на неколку метри околу мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таму, на ѕидот до мојот кревет, и натаму беше белегот на моето неродено дете.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој остана покрај мојот кревет, со своите раце на мојата глава.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седна до мене. „Менито е секогаш исто,“ се насмевна.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога сестра ми Роза дојде да ме посети по смртта на својот сопруг, долго седевме на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа во рацете држеше фотографија на која беа нејзините деца – Херман и Цецилија.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога ќе ги слушнев неговите чекори во ходникот, легнував на мојот кревет, го навлекував над мене чаршафот како што некогаш правевме заедно – држејќи го со прстите над главата, и наместо некогашната радосна опиеност, чувствував како болката ме клука во градите, како се обидува да дојде до моето срце. 3. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја оставив да спие на мојот кревет, јас отидов на креветот на кој некогаш спиеја татко ми и мајка ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некаде во ноќта, во мракот, во просторијата крцна вратата, слушнав чекори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа ноќ спиев мирно, а кога се разбудив в зори, застанав пред крвавата трага на ѕидот покрај мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Бледа трага, побледа и од старечко постоење, ќе остане да стои и откако мене ќе ме нема, а потоа и таа трага ќе исчезне, заедно со ѕидот, заедно со мојот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ми рече да одиме да се видиме со Зигмунд, кој заедно со семејството тукушто се вратил од Виенските шуми, каде го имаше минато остатокот од одморот по посетата на Венеција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Креветот лево од мојот кревет беше празен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Додека полека го јадев јаболкото, тој ми раскажуваше за две вљубени птици.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во аголот од собата беше доктор Краус, и ги подготвуваше инструментите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога мајка се врати од бања, ја забележа крвавата трага на ѕидот до мојот кревет, но не праша ништо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во рацете ја носеше перницата од мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога отидовме да ручаме во трпезаријата, одново се појави жената која спиеше на креветот до мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Страв ми е да заспијам сама,“ рече, приближувајќи ми се.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ја прашав ништо повеќе. Идното утро, кога се разбудив, креветот лево од мене беше празен.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Неколку дена потоа се породи Ева.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече: „Ова повеќе нема да ми треба, а знам дека ти дојде без свои работи.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Веселбава, гледам, ќе потрае.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Полека се приближив до крајот на мојата постела, и со шепот го префрлив просторот меѓу нејзиниот и мојот кревет: „Каде сме ние?“ Таа ги отвори очите и рече: „Во Терезин.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше шест години постар од мене; се сеќавам како приоѓаше до мојот кревет принесувајќи ми лажичка со мед, или јаболко со кое прво ме погалуваше по образот, а потоа го доближуваше до мојата уста.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не отидов во неговата соба, како што правев секогаш кога тој беше дома, ниту пак тој дојде да ме побара, како што правеше кога немаше сама да му потропам на вратата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Седев на мојот кревет, гледав во празниот кревет на Отла, ги префрлував од една во друга рака работите што таа ми ги имаше оставено: неколку рала гаќи, еден фустан, една сукња, две кошули, чорапи…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас станав, ја зедов перницата в раце, па седнав на едниот крај од креветот, а брат ми седна на другиот крај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас легнав на мојот кревет, кошулата склопчена како цицалче ја легнав до мене, и ја зарив главата во перницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Лежев будна цела ноќ, и ги замислував нејзините ноќи, се обидував да ги слушнам тие ноќи затоа што мракот го голта она што може да биде видено, и ги слушав криковите кои ја распаруваат темнината, ги слушав оние кои се осудени да бидат затворени со своето лудило и да го мешаат со туѓото лудило: некој глас ги довикува своите деца, некој глас кажува дека гори, дека пламенот го зафаќа телото, го слушав и зарипнатиот глас на една жена која повторува како го убила својот сопруг.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа постојано минуваше со дланките по својот голем стомак, како да го гали.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Следниот ден лежев со раширени нозе на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се наведнав на ѕидот, поминав со образот по избледената крвава трага.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Сенките, со своето навестување дека можеби и ние сме сенка на некоја суштина која ќе ни остане тајна сѐ додека не ѝ се вратиме, се дел од оние чуда на секојдневието кои најчесто остануваат незабележани.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легнав, го покрив лицето со рацете и плачев.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не ми даваше да заспијам помислата дека сите тие години не појдов да ја посетам Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стави на мојот кревет дел од своите алишта.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Јас се вратив во ходникот, и отрчав во собата во која беше мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од собата излегов кога веќе имаше отидено во гимназијата, а пак се вратив на мојот кревет пред тој да се врати дома.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го поканив да седне на мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Липањето стивнуваше, сѐ потивки беа брзите испрекинати вдишувања и бавното одолговлечено издишување; јас останав со главата во перницата, брат ми остана покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Остатокот од просторијата го голташе мракот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Легна до мене на креветот, ја стави главата на перницата што ја имаше земено од мојот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тато и јас, седнати на моето креветче, го отпоздравуваме нашето свечено пристигање во Градот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Перокселинот во твоето собиче. - Под мојот кревет, - додава Ана.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
А јас, извадена од памет, подзамижано се трудам да видам од мојот кревет и секогаш, ама баш секогаш знаев дека Душанка си играла докторка и дека, по своја стручна проценка, си го засилила течењето во системот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И не е веќе ни девојченце, сега, кога бешумно се доближува до мојот кревет, кога вешто ми ја нуди меката затркалезност на својот румен колк.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Повеќе од веројатно е дека едноставно ќе заспијам. (Назад во материцата).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
23.00 Час подоцна пребарувам по парчињата хартија лежејќи на мојот кревет и ги читам овие забелешки.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Посебно сега кога надвор е минус дваесет степени, а јас не можам да се помрднам од под јорганот во мојот кревет. Зимски сон.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Среде ноќ, искористувајќи го сонот на другите, Кејтеновиот син дојде во мојот кревет.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И не е веќе ни девојченце, сега, кога бесшумно се доближува до мојот кревет, кога вешто ми ја нуди меката заобленост на својот румен колк.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја исповратив целата манџа од пред најмалку осум дена и плус проливот...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакав да викнам за да излезам...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Така толку ќе си ги разранеше рацете што стануваше бесен. Ѝ викаше да внимава...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
-Ах! Добога, Клеманс! Ме слушаш ли! Крв му ебем! Ќе легнеш ли, да му се сневиди!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сè уште беше врз мојот кревет...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Имам впечаток дека сака нешто многу важно да ми соопшти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи уште кога го промрмори она добро...добро... тој веќе беше седнат на мојот кревет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Колку што се сеќавам не го бев поканил да седне, но тој веќе се беше разбашкарил на мојот кревет.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Доктор Пачев лежи на грб на мојот кревет. Десната рака му е под темето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До мојот кревет лежеше нешто сосем завиткано во преврски.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе ми дадат моја соба, мој кревет, ќе се дотерам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Бреза, - ѝ шепнав, - дојди во мојот кревет, ќе ти раскажувам нешто интересно.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Убаво слушав, зашто ѕидот до мојот кревет е тенок, но малку разбрав.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Јас молчев едно време и ми доаѓаше да ја избркам од мојот кревет, ама ја победив некако лутината што ме обзеде и продолжив: - Откако дедо се напи малку од шишенцето, му го врати на џуџето и...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само знам дека цврсто го прегрнав татко ми кога ме пренесуваше заспан во мојот кревет.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Не можев да се изначудам - Мамо, дали бато се враќаше дома откако еднаш излезе со Даме и Тихи, попладнево? – прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја обожавам зашто е посебна, различна од другите, славна, моќна, успешна, а недопирлива.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ова заспивање не е вистинско, како што мајките ги заспиваат малите бебиња, туку е наш заеднички ритуал секоја вечер, кој изгледа вака: јас ќе легнам, мајка ми малку подоцна ќе влезе во собата, ќе седне на мојот кревет, а понекогаш, кога има повеќе време или кога е порасположена, и ќе прилегне, па ќе си разговараме нешто и таа ќе ме гали по грпчето, по косата и по рацете, а многу често и ќе ми раскажува приказна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Порано секоја вечер, без исклучок, ми раскажуваше различни приказни, нејзини, измислени, а сега сè поретко, оти наместо нив имаме други интересни теми за разговор.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мојата капа за сонце – онаа која она момче што беше со луѓето во паркот ја имаше ставено врз својата глава – стоеше на мојот кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Џоди Фостер ми се смешкаше од нејзината фотографија спроти мојот кревет.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)