мој (прид.) - коска (имн.)

Кога ми го чуја гласот ме препознаа, поцрвенаа, а потоа почнаа да ми мавтаат со рачињата гледајќи низ мене: како помодрува денот, како се скаменуваат боските на мајка ми и постапно како никнува трева меѓу моите коски.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Роденден. А умирав со илјада смрти. Во моите коски како бели глувчиња лазат ветришта, го слушаат дахот на мојот прав, прашуваат што е тоа да бидеш покоен.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Леден здив ја пресече сржта во моите коски, во мигот кога ти ја чувствуваше најголемата радост ми рече: “никој со тебе неможе да биде среќен и колку и да се труди светот да те засака ти премногу го мразиш.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Ружите на твоите гради се црни“ Сега сѐ е само реминисценција, нејасно сеќавање на среќата, а некогаш бев навистина среќна!
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
„Тоа се и мои коски, тоа е и моја крв, запомни; секој човек им го позајмува своето месо на децата, барајќи од нив добро да го чуваат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Крцкаат гранчиња, крцкаат и моите коски. Сѐ туку мислам дека некоја ќе се одвинти или ќе пукне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)