мој (прид.) - колешка (имн.)

Има што да видам, двете мои колешки од факултет кои најмногу ме мразеа и кои се чувствуваа конкурентни тукушто му станале пријателки.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Имаше уште долго време до ручекот, дотогаш можев да направам и други експерименти за на крајот сè да му покажам на Александар.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Една моја колешка, инаку женичка и пол, постојано ги озборуваше мажите што само чекаат, како велеше, да се омрсат со нешто туѓо.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
- Беше тоа една моја колешка која се омажи и разведе во Хрватска.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Е, ако е така, драга моја колешке, клупава ја оставам да не чека, а ние одиме ова да го прославиме.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Еден од моите колеги ми го даде капутот да му го закачам и кога се свртев го слушнав како тивко ѝ кажа на една од моите колешки "Викторија ама се здебелила".
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таа учеше во Охрид и како што веќе знаев била цимерка со двете мои колешки што работеа на рецепција во казиното на хотел Епинал.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)