мој (прид.) - интуиција (имн.)

Морав да признаам дека не сум знаела со кого сум живеела или, не дека сосема сум била лишена од предупредувањето на мојата интуиција, од предупредувањата на моите соништа, а и од конкретни факти, но дека сето тоа не сум го пуштила сосема да продре до мојата свест за да може да бидам онолку потресена колку што било неопходно, и да го преземам она, што било потребно.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Намерно го пишувам ова, сè со цел да проверам дали мојата интуиција соодветствува на случувањето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
- Колку што разбрав, имате против мојата интуиција, наспрема вашето рацио.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
На моите идни поколенија им ја препишав мојата интуиција како пропаст (подобро да не го отвораат тестаментот).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)