мој (прид.) - импровизација (имн.)

Всушност пропуштив да му откријам дека повторувам слични зборови на оние што ги бев употребил во еден друг разговор со истиот мој професор Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Значи не оној од импровизацијата од пред малку туку од еден вистински разговор што го водевме гласно и со толку добро запаметени зборови што и денес можам да ги видам како да се забележани или изрежани на некоја карпа или на некоја друга цврста подлога.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Овде запрев со мојата импровизација а потоа додадов: - Знаете, другар иследник, имам впечаток дека вие барате од мене и премногу.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Несигурните сеќавања се како оние мали пердувести облаци што и самите не знаат кога и каде исчезнуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)