мој (прид.) - земјак (имн.)

Врвете и вие в редови збити селани - мои земјаци, во проста руба, волнени гунаци, - врвете, врвете земјаци!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Не бев случајно во Ардените, ниту пак случајно овде ме донесе мојот земјак Христов.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ова во женскиот дел од публиката провоцира длабок, детски сон за куќата на куклата, па не е чудо што една Њујорчанка, изнајмувајќи му го станот на мојот земјак му ја покажала јастучницата и чаршавот и со просветителски тон му рекла: Ова е јастучница, ние Американците ова го ставаме на перница, а ова е чаршав, ние Американците ова го ставаме на кревет.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Џони е роден во Скопје, па тоа и формално го прави мој земјак.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)